ГАЛЕРИЈА: Најубавата жена во светот прошета во стајлинг што открил нешто повеќе

Прославениот поборник и модел и поранешната Мис Универзум Оливија Кулпо, ретко греши кога се доведува во прашање изборот на стајлинг.

Модата ја има во малиот прст, но и покрај прекрасните модни вкусови и чувството за комбинации на облекување, оваа прекрасна бринета овој пат ги промашила. Наместо на стајлингот, целото внимание беше фокусирано на градите на убавицата, благодарение на проѕирната маица која откри премногу

Моделот Оливија Кулпо беше видена пред познатиот ресторан “The Ivy“ во западен Холивуд.

 

View this post on Instagram

 

#OliviaCulpo rocks a sexy, sheer look for a night out with friends!

A post shared by The Lifestyle Journalist (@tlj_magazine) on

Поранешната Мис Универзум дошла да ужива во вечерата со пријателите, но забавата за еден миг ја расипаа папараците кои спремно ја дочекаа со фотоапаратите и камерите.

26-годишната убавица го привлече вниманието во уште еден моден стајлинг – црни кожни панталони со висок струк, потпишани од брендот “7 for All Mankind “, црна маичка со долги ракави, црвени штикли и црвена торба потпишана од модната куќа “Saint Laurent“, но наместо стајлингот, во прв план биле нејзините гради.

Маичката што Оливија ја носела навлечена во панталоните била толку проѕирна што нејзиниот градник се гледал под неа.

Иако бринетата се обидела тоа да го сокрие со носење градник од кожа боја, таа го направила нејзиниот потег уште полош отколку на пример, носејќи црн градник – градите и биле уште поизразени, а требало добро да се загледа за да се забележи дека носи градник.

Но, со оглед на сите претходни изданија на убавата Оливија, оваа мала модна грешка е само игла во сеното на одличните стајлинзи, на кои не можеме да најдеме недостатоци, па затоа веќе и е простена грешката на мисицата.

 

 

65 Shares