ГАЛЕРИЈА: Магични Зелени Куќи, мали монтажни “Хобит“ куќарки

Можете ли да се замислите да живеете во Хобит куќарка? Во мала куќа од 37 квадратни метри, која е еколошки и енергетски ефикасна и има сè како и секоја конвенционална куќа? Можете.

Вие не сте единствените. Компанијата “Magic Green Homes“, исто така, дошла до истата идеја и со шармантната Хобит куќарка го трансформирале “Средоземјето“ во реалност.

Станува збор за монтажна куќа направена од панели покриени со земја, кои по кратко време стануваат шармантна зелена оаза. Исто како во филмот “Хобит”, овие домови се дизајнирани за живот под почвата и слојот од тревата, плус ако се одлучите на покривот секогаш можете да засадите зеленчук или цвеќиња.

А ако не сте љубители на зеленило, можете да ја покриете со песок или снег, во зависност од тоа каде живеете. Можете исто така да поднесете свој сопствен дизајн, а тоа ќе го направи вашата компанија и ќе го претвори вашиот сон во реалност.

Нивниот модуларен систем нуди бесконечни можности. Куќите се удобни и еколошки и можат да бидат многу убаво вклопени со природата. Вие не мора да бидете обожавател на Толкен за да ја цените оваа идеја, нели?

72 Shares