ГАЛЕРИЈА: Клара од “Господин Совршен” се појавила гола на телевизија!

Натпреварувачката учествуваше во шоуто “Адам и Ева”, во кое таа беше целосно гола

Клара Перко, натпреварувачката од шоуто “Господин Совршен”, подигна прашина кога таа се соблече гола во реалити шоуто “Адам и Ева”. Во тоа време, многумина ја критикуваа, особено жителите од нејзиниот Широки Бријег.

“Сите се во шок, и роднините и пријателите. Тие се лутат затоа што се чувствуваат посрамотено. И моите родители се чувствуваат така. Жал ми е за нив, исто ми е жал и за Широки Бријег кој го сакам како и сите негови луѓе.

Но, знаев какви реакции ќе ме дочекаат таму. Затоа, никому не му кажав ништо што планирам да правам. Сè дознале од медиумите”, рече Клара.

Но, грдите коментари не успеаа да ја спречат после тоа да позира гола за едно германско списание. Таа кажа дека, не и важно мислењето на другите.

“Реакциите и навредите после “Адам и Ева” многу ме погодија, но сега сум позрела, нема да се замарам за тоа што зборуваат луѓето”, рече таа.

“Господин Совршен” ја препозна

Кога Клара се запознала со Горан Јуренец, тој и ‘рекол дека му е позната од некаде.

“Младост, лудост. Тоа беше грешка, не размислував премногу”, му објаснила Клара за нејзиното учество во германското шоу. Тогаш имала 28 години.

Иако веќе јавно не се соблекува, Инстаграм профилот на Клара преоптоварен е со провокативни фотографии.

Дојде за да ја пронајде љубовта

Карла во шоуто “Адам и Ева” се вљубила во пољакот Томас Васик (32), кој првично бил нејзин пријател, а потоа започнале и врска.

“Ми се допадна од самиот почеток. Штета е што не бевме во истата епизода, бидејќи тоа ќе беше вистинска романтична приказна на Тахити. Нашето пријателство прерасна во љубов”, рече Клара тогаш. Нивната врска се распадна, а таа се пријави на “Господин Совршен”, надевајќи се дека повторно ќе ја најде љубовта.

Се обидела да го заведе Горан со тоа што му поклонила речник на хрватски јазик.

 

View this post on Instagram

 

Tbt#croatiafulloflife#bikini#instaselfie#summer#sunglasses#dior#blonde#body# instamood#sun#bestplace#enjoylife#hot#croatia

A post shared by Klara Perko (@klara_perko_) on

“Конкуренцијата не спие, ова ќе биде многу, многу потешко отколку што мислев. Има многу жени а само еден маж. Секоја повлекува и компресира”, рече таа во шоуто.

2 Shares