Често, Катарина се одмора на делови од Далмација.
Актерката Катарина Бабан (30) привлече внимание на себе како натпреварувачка во шоуто “Твоето лице звучи познато“ и уште таму го фалеа нејзиниот изглед во оскудните костими. Потоа и ја фрли ракавицата во лице на колешката Нивес Целзијус (36) и објави фотографија од својот, и од задникот на нејзината сестра, што претходно истото го направила и Целзијус.
Потоа продолжи со истиот тон. Нејзините прекрасни фотографии од морето ги разубавуваат животите на сите оние кои ја следат на Инстаграм. И додека многумина се согласуваат дека телото на Катарина во бикини е празник за очите, актерката припишува скромна заслуга на нешто друго.
“Значи, колку оваа Далмација може да биде фотогенична… Каде и да застанеш, таа изгледа светски! Светски… а наша”, напишала таа веднаш под нејзината фотографија, во која нејзиниот задник беше во преден план.
Не дека ја одрекуваат убавината на Далматинката, но фановите на Бабан сепак се фокусираа на секси-сцената со која таа ги почасти. “Точно… каде и да стоиш… Бомбастично изгледаш!”, “Гледам овде само мали јаболкца”, коментираа, па дури имало и брачни понуди.
View this post on Instagram
Ова лето Катарина одмараше во Далмација. Таа беше во Затон, Тисно, Трибуњ, а се почастила и со патување на италијанскиот остров Сицилија.