ГАЛЕРИЈА: Гостите на свадбата носеле превез на очите во чест на слепата невеста

Невестата Стеф Агнеу и младоженецот Роб Кемпбел имале едно посебно барање за сите гости. Австралиската двојка обезбедила превези за очите за семејството и пријателите за да можат да се чувствуваат исто како Стеф.

На Стеф и била дијагностицирана прогресивна болест на рожницата – Фухсова ендотелна дистрофија, и пред да се запознаат со Роб, таа го изгубиа видот. Стеф никогаш не го видела Роб.

Со цел да го направат својот ден од соништата уште посебен, младоженците побарале од гостите да носат превез на очите за време на свадбената церемонија во чест на Стеф.

Ова им овозможи на гостите да го почувствуваат она со што Стеф се соочува секој ден, дури и за време на најважниот момент од нејзиниот живот.

Местото на венчавката и беше познато на Стеф, таа била на тоа место пред да стане слепа, а го избрала за да може да ја визуелизира церемонијата.

8 Shares