Брук Вест вели дека нејзината “работа” нема никаква врска со проституцијата, бидејќи има голема разлика
Најинтересна работа за секој што гледа од надвор е дека таквиот однос не вклучува сексуални услуги, тоа е само партнерство, објаснува Новозеланѓанката за Daily Mail. Таа неодамна доби 30.000 долари и многу други подароци.
Брук рекла дека се сретнува со нејзините “sugar daddies” во стриптиз-барот каде што танцува, но сама одлучувала со кој ќе влезе во партнерски однос.
“Не е тоа лесна пара. Постојат мажи кои сакаат да ме контролираат и да ме стават во токсична ситуација”, рече таа. Многумина, вели Брук, мислат дека нејзините спонзори се стари луѓе од 80 години, што воопшто не е точно.
“Повеќето од нив се во 40-тите години. Во време кога многу луѓе испраќаат фотографии од нивниот пенис или им упаѓаат на жени на улица со грди коментари, убаво е да имаш човек со кого да разговараш и оној што ќе ми помогне да добијам некои работи”.
Постојаните “клиенти” со кои разговара, понекогаш ја сакаат само за себе за неколку недели, а други едноставно и праќаат подароци како парфем, чевли, накит или пари.
“Знам девојки на кои им купиле автомобили или силикони за гради, а јас, на пример, добив нов iPhone, MacBook Pro и повратен лет со смештај за некои патувања, дури и за моето куче”, објаснува таа. Но, не е секоја спонзоруша иста.
“Онлајн спонзорушите на веб-сајтот на “Seeking Arrangement” можат веднаш да дојдат до некого, но неискусните девојки често завршуваат со момчиња кои сакаат само сексуални односи.
Но има и други места каде што може да се најдат мажи што сакаат да ја одржат врската”.
“Додека цените на недвижностите, па дури и на авокадото се зголемуваат, времето на интернет треба да се користи на овој начин. Со флексибилно работно време и многу бонуси како подароци, овој начин на претприемништво е навистина одличен”.
“Ако двете страни се информирани и се согласиле на тоа, можеби нема да треба да се запрашате зошто го правам тоа, но запрашајте се зошто вие не го правите тоа”, заклучува Брук Вест.