(ФОТО+ВИДЕО) Го откриле: Снимката покажува како илузионистот излегува од кутијата?

Андреј направи магионичарски трик со кутија. Тој влезе во нејзе со заврзани раце, по што неговите асистенти ја врзаа кутијата со синџири. Но, некои гледачи се убедени дека се гледа како Андреј ја напушта сцената во позадина.

Првото полуфинално шоу на “Суперталент” не помина без никакви технички тешкотии, незадоволство на гледачите, а сега може да се претпостави и дека трикот на илузионистот Андреј Шкедел бил откриен.

На сцената направи магионичарски трик со кутија. Тој влезе во нејзе со заврзани раце, по што неговите асистенти ја врзаа кутијата со синџири, го запечатија капакот на неа и ја кренаа во воздух.

Но, некои гледачи се убедени дека се гледа како Андреј ја напушта сцената во позадина. Ако се запре снимката на 7:35, може да се види дека некој навистина излегува од кутијата и прошета по сцената.

“Некои заборавиле дека асистентите беа на сцената и дека еден клекна зад кутијата”, коментирале други гледачи кои го тврделе спротивното. Имаше три асистентки и еден асистент на сцената, заедно со Андреј и неговата помошничка Моника.

Во контроверзниот дел од снимката, двајца одат зад завесата, додека другите остануваат на сцената. Потоа се враќаат на сцената со чеканите и повторно се четворица.

Уште неколку кадри им паднаа на очите на гледачите кои можеа да потврдат како Андреј излегува од кутијата и преправен како асистент ја напушта сцената. Ако снимката се запре на 6:19 кога Андреј влегува во кутијата, се гледа дека задниот дел на кутијата е пресечен и дека кутијата не е целосна.

4 Shares