Филипче: 13.000 тестови со најнова технологија стигаат во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва најави 13.000 тестови кои биле најнова технологија ќе пристигнат од утре во Македонија.

Министерот кажа дека тестовите давале резултат за петнаесетина минути а ќе ги добиеме нареднава недела.

„13 000 брзи тестови кои што следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање.“ рече министерот Филипче на телевизија Сител.

3 Shares