Филипче повторно со Апел до граѓаните

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување на телевизија Сител повторно со апел до граѓаните.

Тој нагласи дека здраството е под силен притисок, се повеќе и повеќе се полнат болниците но и дека со тек на време новите мерки ќе покажат резултати. Но, непредвидливоста на болеста сепак може повторно да го качи бројот на заразени.

Има и доза оптимизам во говорот на миниестерот кој изјави:

 Сите сме во оваа битка, многу е важно граѓаните да ни помогнат со почитување на мерките. Нема да може да издржиме уште многу, ако оди со оваа динамика.

Ќе се преполнат болниците и тогаш веќе ќе имаме ситуација во која што може да недостасуваат и кревети и кадар. Искрено се надевам дека мерките постепено ќе даваат и ќе дадат резултат, за разлика од пред неколку недели,

Р0 факторот на преносливост сериозно се намали од 1,5 на близу 1 и тоа влева доза на оптимизам, но тоа не значи дека притисокот кон болниците ќе се намали.

Непредвидлива е болеста и за болеста како клиничка форма не знаеме, што може да се случи и со ваков линеарен раст огромен ќе биде притисокот и проблемот во болниците, што всушност и сега веќе е и се случува. Апелирам да се почитуваат овие мерки – рече Филипче.

6 Shares