Филипче Алармира: 75 проценти од случаите на Ковид-19 се Асимптоматски | Прочитајте повеќе

Министерот за здравство Венко Филипче упати апел да се носат маски, со алармирање дека 75 проценти од случаите заразени со Ковид-19 немаат симптоми и може да го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа.

-Дури 75 проценти од сите случаи на Ковид-19 се асимптоматски, односно немаат симптоми. Тоа значи дека тие може да го пренесуваат вирусот без воопшто да бидат свесни за тоа. Затоа е важно сите да носиме маски и да бидеме сигурни дека и асимптоматските носители не го шират вирусот.

Со носењето маска се штитиме себе, но пред сѐ другите. Личната одговорност и свесност е клуч во борбата со пандемијата, а маските докажано се успешни во спречувањето на ширење на вирусот. #НосамМаска, напиша Филипче на Фејсбук

5 Shares