Европол објави фотографии од најбараните сексуални злосторници

Во Европската Унија сексуален напад се случува на секои две минути.

Тоа се случува сега, на секои две минути. Силување, сексуален напад или сексуално насилство се пријавува во полиција во цела ЕУ во просек на секои две минути, и секој може да биде жртва на таков напад.

Сепак, целите се најчесто жени и деца, предупредува Европол за растечкиот проблем на сексуално насилство во ЕУ.

Станува збор за 18 бегалци чии фотографии и податоци ќе бидат објавени на страницата на најбараните европски бегалци, а планот е нивните фотографии да кружат низ медиумите и социјалните мрежи во следните четири недели.

Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Франција, Германија, Италија, Литванија, Летонија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Романија, Шпанија, Шведска и Велика Британија се приклучија на акцијата на Европол.

повеќе информации на: eumostwanted.eu

1 Shares