Еве со што уште се полни Цигарите, а не сте знаеле

Никотинот содржан во цигарите предизвикува зависност, бидејќи го стимулира допаминот во мозокот на пушачот, и тие даваат привремено чувство на релаксација и смиреност… а плус уште и шеќерот…

Неколку пушачи има кои знаат дека шеќерот е додаден во цигарите, покажа новата американска студија, па дури и помалку се свесни дека додавањето на шеќер во тутунот го зголемува количеството токсини во чадот од цигарите, пишуваат авторите на студијата во магазинот Nicotine and Tobacco Research.

Цигарите содржат природни и додадени шеќери кои ја намалуваат “горчината” на цигарите, што го прави нивниот чад полесен за вдишување.

Но, тие истовремено го зголемуваат количеството штетни хемикалии во чадот од тутун, како и потенцијалот за пушење од зависност, вели д-р Ендру Сајденберг, доктор по јавно здравје на Универзитетот во Северна Каролина.

“Бројни учесници во истражувањето ни кажаа дека сакаат да знаат повеќе за шеќерот во цигарите. Еве им шанса”, изјави Сајденберг за Reuters Heаlth.

Тој и неговите колеги следеа 4350 возрасни пушачи во рамките на експериментот за е-цигарите.

На крајот на експериментот, учесниците мораа да одговорат на две прашања во врска со додадениот шеќер во цигарите: “Дали шеќерот е додаден на цигарите?” и “Додавањето шеќер во цигарите ги зголемува токсините во чадот од тутунот.

Дали некогаш сте слушнале за последиците од додавање на шеќер пред да почнат со студиите?”

Резултатите од студијата покажаа дека 5,5 испитаници знаеле дека шеќерот е додаден во цигарите, а само 3,8 проценти знаеле дека додадените шеќери ги зголемиле токсините во чадот од тутунот. Сајденберг вели дека резултатите од истражувањето го изненадиле.

Во кампањата организирана во Австралија, Сајденберг и неговите колеги предупредија за тоа со песната “Шеќер, шеќер”, додека на екранот пишувало: “Додавањето шеќер и мед го крие горчливиот вкус на тутунот, но штетноста од пушењето и цигарата не можат да бидат скриени”.

Треба да се потсетиме дека никотинот содржан во цигарите предизвикува зависност, бидејќи го стимулира допаминот во мозокот на пушачите и им дава привремено чувство на релаксација и смиреност.

Поради минливоста на чувството на смиреност, пушачите набрзо палат нова цигара. Но, некои од додатоците за цигари ги стимулираат никотинските рецептори, предизвикувајќи бројни повремени пушачи да станат страсни пушачи.

30 Shares