Експертите се согласуваат за ова прашање! Еве зошто е подобро да се туширате навечер

Ќе мораме да ги разочараме љубителите на утринскиот туш, бидејќи експертите го препорачуваат вечерниот.

Туширањето е важен дел од вашата дневна рутина, а оние што го започнуваат денот со тоа истакнуваат дека тоа е најдобриот метод за будење, додека други велат дека туширањето е најдобриот ритуал за да го завршите денот.

Сепак, што велат експертите? Дали треба да се истушираме наутро или навечер?

Еве зошто експертите дошле до сознание дека туширањето навечер е подобро од туширање по станување од спиење.

  • Ќе заспиете полесно

Вечерниот туш го релаксира вашето тело и ум и може да ви даде подобар сон. Туширањето во топла вода 90 минути пред спиење може да ви помогне да заспиете 10 минути побрзо од вообичаеното. Имено, топла вода ја намалува температурата на вашето тело, што пак испраќа сигнал до вашето тело дека е време да заспиете.

– Многу луѓе сметаат дека вечерниот туш е многу смирувачки не само за кожата, туку и за смирување на сетилата по долгиот ден – изјави д -р Лорета Сиралдо, дерматолог и сопственик на дерматолошката ординација др. Лорета.

  • Подобро е за вашата кожа

Туширањето пред спиење ќе спречи појава на акни. Дури и ако не сте излегле од дома или не сте се испотиле, сепак маснотиите и бактериите можат да се натрупаат на вашата кожа во текот на денот и затоа вечерниот туш е клучен за исфрлање на секојдневната нечистотија.

Особено ако сте склони кон активности на отворено.

„Ако одите на спиење и од тој ден ја ставите главата на перница со масло и пот, тоа може да доведе до појава на акни“, вели д -р Дејвид Лортшер, дерматолог и основач на Курологија.

  • Ќе ги намалите сезонските алергии

Ако сте поминале време надвор од домот, полен и прашина може да навлезат на вашата кожа и облека, и ако не се истуширате пред спиење, тие може да завршат на вашата постелнина. Можеби е време да размислите за промена на навиката и да го оставите тушот за навечер и со тоа да ги намалите алергиските реакции.

  • Косата ќе ви биде поздрава

Се чини дека кожата и косата сакаат да се тушираат навечер. Имено, ако ја миете косата навечер, ќе имате повеќе време природно да се исушите на воздух.

Ова, пак, ќе ја задржи вашата коса сјајна и жива подолго, бидејќи помага да се задржи влагата. Сушењето на косата со фен за коса во утринскиот налет може да ја оштети вашата коса, оставајќи ја слаба и сува.

  • Спречува потење

Додека утринскиот туш е одличен начин да се освежите пред да се соочите со денот, тушот навечер всушност може да помогне да се спречи потењето и непријатниот мирис на телото. Студениот туш пред спиење може да помогне во намалувањето на ноќното потење од кое страдаат многу луѓе.

  • Спречува грчеви во мускулите

Мускулите ќе ви се заблагодарат ако напорниот ден го завршите со топол туш, ја ублажува напнатоста во мускулите и промовира подобар сон. Исто така, може да спречи грчеви во нозете, вообичаена состојба која влијае до 60 проценти од луѓето.

Колку често треба да се туширате?

Ако сте љубител на туширање наутро, а преку овој текст сфативте дека треба да се истуширате навечер – размислувате да го правите тоа двапати дневно? Воопшто не!

Имено, некои дерматолози препорачуваат туширање секој втор ден или два до три пати неделно. Иако повеќето луѓе се тушираат еднаш дневно, и во зависност од нивото на активност можеби дури и двапати, тоа може да биде навистина лошо за вашата кожа.

Кожата на секого е различна, и кожата на секоја личност може да се менува од сезона во сезона. На пример, ако вашата кожа е сува во зима, тогаш премногу туширање може да предизвика дополнителна сувост.

Додека секојдневниот туш во лето најверојатно нема негативно да влијае на вашата кожа. Бидејќи не постојат строги правила за тоа колку е премногу, важно е да го запознаете вашето тело и да одредите што може да поднесе вашата кожа.

Поради личните преференции, можеби нема да сакате да го прескокнете дневниот туш, туку држете се до еден дневно, велат експертите.

0 Shares