Две предности и два недостатока на гледање порно филмови за жени и мажи

Зборувајќи за порнографија, Дирд Барет, психолог кој предава на Бизнис школата во Харвард, рече дека порнографијата на Интернет е верзија на она што научниците го нарекуваат „натприродни стимули“, што значи дека порнографијата води до зголемено чувство на возбуда што можеби не е можно да се постигне во кревет со партнерот.

Повеќето луѓе гледале порнографија во одреден момент, но малкумина ќе го признаат тоа, особено нивните партнери. Се поставува прашањето – зошто порнографијата честопати е забранета тема кај паровите.

Според советникот на женскиот колеџ во Ченаи, Индија, Гури Сриваставе, мажите и жените честопати различно ја перцепираат и користат порнографијата.

Додека за мажите, порнографијата е типично безопасен стимуланс, многу жени го доживуваат како неверство, бидејќи вклучува задоволување со користење на надворешен извор.

Но, дали навиката за гледање порнографија е навистина погрешна?

Подолу, прочитајте некои од позитивните и негативните страни на порнографијата за жени и мажи.

Кога се работи за жените:

ПРИЧИНИ ЗА ГЛЕДАЊЕ

  • 1. Гледањето порнографија им помага на жените да ја изразат сексуалноста

Гледањето порнографија може да направи чуда за жените на неколку начини. Тоа не е само ослободувачка алатка за нив, како и за мажите, туку влијае и на нивниот сексуален нагон. Кога жената гледа порнографија, нејзиното либидо се зголемува што може да биде корисно за жените со низок сексуален нагон.

Според еден 29-годишник, по првичната непријатност, гледањето порнографија и читањето еротски содржини има позитивно влијание врз сексуалниот нагон.

Во нејзиниот случај, не само што доби дополнителна доза доверба во спалната соба, туку стана посвесна за тоа што е можно и што ја возбудува. Таа додаде дека чувствува дека гледањето порнографија позитивно влијаела на нејзината способност да биде поавантуристичка во кревет.

  • 2. Поттикнува посилна врска со партнерот

Ако сакате да ја зајакнете врската со вашиот партнер во кревет, гледањето содржини за возрасни може да биде добар потег. Имено, експертите веруваат дека гледањето порнографија со партнер ги држи отворени комуникациските линии и поттикнува искреност во врската.

Мажите имаат тенденција да се срамат или да се виновни за гледање порнографија поради честиот став дека на овој начин преминуваат некои морални граници.

Но, гледајќи порнографија заедно, двојката може да практикува заедништво и тоа искуство може да им помогне да се зближат сексуално, физички и емоционално, откако ќе ги споделат своите најинтимни сексуални фантазии без осуда.

НЕГАТИВНИ СТРАНИ

  • 1. Слика на телото

Филмските sвезди за возрасни честопати имаат преголеми атрибути на телото и изведуваат вистински акробации во спалната соба. Меѓутоа, кога гледате ваква содржина, најдобро е да не се споредувате со актерите, туку искуството за гледање да го користите исклучиво за да го подобрите сопствениот сексуален живот.

Сепак, жените понекогаш не можат да избегаат да бидат споредувани со порно sвезди, по што тие (сосема погрешно) знаат да се чувствуваат неспособни и недоволно привлечни.

Она што треба да го запомните е дека постои причина зошто овие жени се порно sвезди и ако постои сексуална привлечност помеѓу вашиот партнер и вас, порнографијата треба да биде само стимуланс што ќе ви помогне да ја зачините ситуацијата под чаршафите без да се чувствувате лошо во вашиот тело и без да се создаде погрешна слика за тоа што вашиот партнер очекува од вас.

  • 2. Зависност

Жените, како и мажите, можат да станат зависни од гледање ваква содржина. Се разбира, не секој што често гледа пронографска содржина е зависен, но проблемот настанува кога човек секојдневно гледа таква содржина и кога станува опсесија за која го користи секој слободен момент.

Особено е опасно кога некое лице почнува да создава можности за гледање порнографски содржини на начин што избегнува редовни активности, дружење, обврски … Кога ова ќе почне да се случува, тоа е знак на зависност и проблеми што треба да се решат со помош на професионалци.

Кога се работи за мажите:

ПРИЧИНИ ЗА ГЛЕДАЊЕ

  • 1. Го ублажува стресот

Научно е докажано дека вклучувањето во каква било форма на сексуална активност, со партнер или со себе, го зголемува производството на допамин, хемикалија во мозокот што го подобрува расположението.

Мажите, кои гледаат здрави количини порно за сексуална стимулација, веруваат дека тоа ги ослободува од стрес, бидејќи самиот процес на ејакулација го намалува нивото на хормонот на стрес.

Истражувањето спроведено во 2013 година докажа дека дури и гледањето фотографии на убави, привлечни и секси жени има ист ефект.

  • 2. Зачинете го вашиот сексуален живот

Гледањето порнографија е лесен начин да откриете што возбудува личност, а што не. Покрај тоа, им помага на мажите да одат чекор подалеку со својата партнерка врз основа на она што го виделе и дополнително да го зачинат нивниот сексуален живот.

Според еден човек, наместо партнерот и самиот да откријат во собата што дополнително ги возбудува, тие заедно гледале порнографски содржини за да откријат кои се нивните заеднички фантазии.

НЕГАТИВНИ СТРАНИ

  • 1. Еректилна дисфункција

Иако постојат контрадикторни гледишта на оваа тема, еректилната дисфункција предизвикана од порнографија е можна негативна последица од прекумерната потрошувачка на содржини за возрасни.

Како што објасни Др. Џенифер Џонсон, професор на Катедрата за социологија на Факултетот за хуманистички науки на Универзитетот Вирџинија Комонвелт, меѓу хетеросексуалните машки студенти, 51 проценти мастурбира на порнографија неколку пати неделно, 19 проценти неколку пати месечно и 13,5 проценти дневно.

Овие податоци сугерираат дека фантазијата може да биде повеќе стимулативна отколку реалноста, што резултира со намалување на либидото.

Гури Сривастава верува дека покрај толку голем број мажи кои редовно користат порнографија за возбудување, воопшто не е чудно што еректилната дисфункција се јавува како нуспроизвод.

Таа го спореди со земање антибиотици – луѓето што ги пијат често создаваат отпор, а слично е и со порнографијата – редовното гледање може да предизвика еректилна дисфункција.

  • 2. Агресија

Гури Сривастава верува дека е неспорно дека мажите можат да гледаат на жените на сексуално деградирачки начин поради порнографија.

Таа додаде дека премногу порнографија може да доведе до будење на темна и насилна страна што мажите не можат да ја контролираат, што исто така може да остави трага во сексуалниот живот доколку се случи мажот да не се одвои од негативниот приказ на жените во порнографијата.

Таа го наведе примерот на девојката што ја советуваше, која се појави со модринки на зглобовите бидејќи нејзиниот партнер беше возбуден од порнографска содржина со тема ропство, поради што тој побара од неа заедно да ја реализираат таа фантазија.

За време на чинот, тој премногу цврсто и ги врзал зглобовите и ја повреди, и иако девојката ја прекина врската, ова искуство остави последици и на двајцата.

0 Shares