Дневен хороскоп за ден 28.11.2018

Овен (21.03 – 20.04)

ЉУБОВ: Може да очекувате многу ветувачки и исполнет ден кога станува збор за личните односи и општествениот живот.
КАРИЕРА: Изгледа дека сте направиле се што ви треба, па ќе работите многу повеќе лежерно и со доза на хумор.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Може да бидете мирни.

Бик (21.04 – 21.05)

ЉУБОВ: Ќе попушти притисокот дека мора да бидете среќни и задоволни во љубовта. Ќе дишете полесно и без товар ќе признаете дека во моментов не сте во бајка.
КАРИЕРА: Со своето знаење ќе успеете да се наметнете и да ги победите противниците кои имале различни мислења.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Разјаснете го она што може да се разјасни.

Близнаци (22.05 – 21.06)

ЉУБОВ: Иако нема да бидете премногу отворени за љубов, сепак ќе покажете добра доза на друштвеност и комуникација.
КАРИЕРА: Во уметничката и естетската определба може да дојде до претерување. Суетата ќе биде премногу голема и штетна.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Погледнете дали стоите со нозете на земја.

Рак (22.06 – 22.07)

ЉУБОВ: Многумина ќе останат дома и ќе уживаат во пријатната атмосфера на нивниот дом и друштвото со некој близок.
КАРИЕРА: Вработените во услужните дејности денес ќе имаат многу работа, но тие ќе бидат паметни, агилни и ефикасни.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Имате право на одмор.

Лав (23.07 – 22.08)

ЉУБОВ: Денес веројатно ќе почувствувате мала семејна несогласност која ќе ви однесе и време и нерви. Ќе треба да ги направите работите појасни.
КАРИЕРА: Освен стабилната работа, се повеќе доаѓате до можност да развиете нешто ново и креативно.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Не жалете поради некои ситници.

Девица (23.08 – 22.09)

ЉУБОВ: Ќе бидете склони целосно да потонете во светот на имагинацијата, а вашите врски со љубовната реалност ќе се олабават.
КАРИЕРА: Контактите и комуникациите со странските соработници се зајакнати. Денес ќе преговарате за некои детали.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Спортувајте.

Вага (23.09 – 22.10)

ЉУБОВ: Некои од вашите најблиски членови на семејството ќе го бараат вашето внимание денес. Обидете се да им бидете при рака.
КАРИЕРА: Денес една млада личност од работа може да ви ги довери своите стравови и сомнежи. Поттикнете ја.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Опуштете се со хумористични содржини.

Скорпија (23.10 – 21.11)

ЉУБОВ: Веројатно е дружење со пријателите или со поголемо друштво. Едно блиско лице може да ви се довери.
КАРИЕРА: Некои луѓе од работа навистина ве прават нервозни, па не сакате да размислувате за нив. Што подалеку од нив, дури и во мислите.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Опуштете се во кадата.

Стрелец (22.11 – 21.12)

ЉУБОВ: Ако се обидете да ставите крај на сѐ што ви смета, повторно нема да постигнете мир. Побезбедно е да се повлечете и да чекате.
КАРИЕРА: Во креативните и уметничките дела денес ќе бидете успешни. Другите активности ќе изгледаат порелевантни за реалноста.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Наспијте се.

Јарец (22.12 – 20.01)

ЉУБОВ: Можно е дека со вашата љубов малку да го вознемирите вашиот партнер. Дозволете му малку повеќе простор.
КАРИЕРА: Некои од вашите заслуги на работа нема да бидат сосема јасни, па ќе треба малку повеќе да се докажувате. Ќе бидете креативни и успешни.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Уморноста не ве спречува.

Водолија (21.01 – 19.02)

ЉУБОВ: Вашиот љубовен живот ќе продолжи да се развива на многу убав начин. Ова ќе ве мотивира за уште повеќе активности.
КАРИЕРА: На работа ќе сторите сé со волја и леснотија. Што и да правите, речиси ќе ви биде забавно.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Избегнувајте студ.

Риби (20.02 – 20.03)

ЉУБОВ: Ќе откриете дека немате каде и дека треба да ја прифатите состојбата. Тоа ќе биде зрела одлука со која треба да се справите.
КАРИЕРА: Во деловната комуникација денес, на дневен ред може да се најде една осетлива тема.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Не пијте ладни пијалоци.

13 Shares