Дневен хороскоп за ден 25.11.2018

Овен (21.03 – 20.04)

ЉУБОВ: Нештата доаѓаат во рамнотежа и одат во нормален тек. Вие успеавте да се договорите и сега одите понатаму.
КАРИЕРА: Она што денес тајно го истражувате ќе се отвори и добивате одговор и решение за таа тема. Ќе го искористите тоа за да го завршите вашиот успех.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Префрлете се од зборови на дела.

Бик (21.04 – 21.05)

ЉУБОВ: И покрај малото недоразбирање во комуникацијата, вие сеуште ќе можете да изградите љубовни мостови.
КАРИЕРА: Пред вас има многубројни работни задачи. Ќе треба да работите повеќе и да бидете обврзани. Најдобро е веднаш да го прифатите тоа.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Фокусирајте се на вашите цели.

Близнаци (22.05 – 21.06)

ЉУБОВ: Од вас ќе биде побарано да бидете внимателни и посветено да слушате за што зборува другата страна. Внимавајте на тоа.
КАРИЕРА: Сјајни идеи ќе дојдат од вашата потсвест. Треба да се фокусирате повеќе на самите себе.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Наполнете ги батериите.

Рак (22.06 – 22.07)

ЉУБОВ: Вие препознавате нови љубовни шанси, а вашите пријатели ви помагаат. Немојте да бидете сами денес, туку излезете од дома.
КАРИЕРА: Немојте да се изненадите ако ви сугерираат на некои мали промени. Тие се многу веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Може да земете малку здив.

Лав (23.07 – 22.08)

ЉУБОВ: Најверојатно ќе покажете доза на несигурност што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Обидете се да верувате во она за што живеете.
КАРИЕРА: Ќе почувствувате дека вашите работни обврски се тешки или збунувачки. Ќе ви недостасува енергија и концентрација.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Ќе ги искусите последиците од хедонизмот.

Девица (23.08 – 22.09)

ЉУБОВ: Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви донесе убави појави во љубовта. Оние кои се уште се сами ќе освојуваат со леснотија.
КАРИЕРА: Оние кои лажеле, ќе бидат откриени на неочекуван начин. Така ќе се засрамат. Не им се потсмевајте.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Одете таму каде што ви е најдобро.

Вага (23.09 – 22.10)

ЉУБОВ: Вашата љубезност денес може да биде на прагот на зближување. Обидете се да бидете поедноставни и поискрени.
КАРИЕРА: Младите со кои работите денес ќе ја покажат својата мрзеливост или неспособност. Ќе мора да ги научите на подобро.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Спортувајте.

Скорпија (23.10 – 21.11)

ЉУБОВ: Вашите грижи ќе ги извадите од вашата глава и ќе се освртите на секојдневието. Ова ќе го олесни вашиот ум и ќе станете пореални.
КАРИЕРА: Оние чија работа е нематеријална ќе имаат големи достигнувања. Останатите ќе продолжат да го слушаат нивниот внатрешен глас и ќе блеснат.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Бидете упорни.

Стрелец (22.11 – 21.12)

ЉУБОВ: Ќе изгледа како да се обидувате да ја играте играта во која се преправате дека играте. Пресечете го тоа со мудар молк и истрајте во вистински став.
КАРИЕРА: Пред вас е тежок ден во кој ќе морате да разликувате што сакаат шефовите, кои се целите, кој ви е пријател, а кој е непријател.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Прошетајте на воздух.

Јарец (22.12 – 20.01)

ЉУБОВ: На оригинален начин, ќе излезете од проблемите во вашиот љубовен живот и ќе ја отворите вратата за да го подобрите истиот.
КАРИЕРА: Продолжете да го развивате она што ви е појасно. Денес добивате потврда од новите соработници кои ве поддржуваат.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Пробудете се.

Водолија (21.01 – 19.02)

ЉУБОВ: Во сексуалните прашања, ќе имате мали двоумења околу стилот. Секој сака да ужива на нивен начин.
КАРИЕРА: Во работата која ја работите, ќе се појават нови луѓе со кои ќе треба да научите да комуницирате. Ќе дојде до помали проблеми.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Гледајте некој добар филм.

Риби (20.02 – 20.03)

ЉУБОВ: Малите нервози малку ќе ви ја разбудат самодовербата, но само ако вие тоа го допуштите. Контролирајте се и сè ќе биде добро.
КАРИЕРА: Има луѓе кои се нервозни затоа што не можат да работат подеднакво прецизно како вас, но и со нив ќе мора да соработувате.
ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Бидете трпеливи.

10 Shares