Дезинфекција на Производите Купени од Маркет? Одговор на Некои Прашања

Во моментов нема докази дека коронавирусот се пренесува преку храната.

Најголем ризик, кога станува збор за Ковид-19 и храна, е заштита од други луѓе додека сте во продавница, вели Доналд Шафнер, микробиолог и експерт за безбедност на храна на американскиот универзитет „Рутгерс“, пишува порталот Science Alert.

“Треба ли да чувам купени намирници во гаражата или на тремот 3 дена?

Дали навистина ќе ги чувате млеко, сладолед и свежо месо надвор од куќата три дена? Ваквата постапка може да влијае на безбедноста на храната, вели Шафнер.”

Предлогот звучи како рецепт за катастрофа или барем расипана храна.

Во овој совет има мала точност затоа што досега знаеме дека вирусот полека се уништува на собна температура, со краток полуживот од околу осум часа. Но, во овој случај, започнуваме од претпоставката дека целата храна е загадена и дека ќе се заразите со едноставно допирање на храната. Тоа не е вистина, смета Шафнер.

“Дали навистина треба да ја дезинфицирам секоја кутија и сите кеси од продавницата поединечно?”

Шафнер смета дека овој совет не е ниту научно заснован, барем не засега. Тој посочува дека ако се плашите дека пакувањето е загадено, измијте ги рацете и / или дезинфицирајте ги пред да консумирате храна што ја вадите од кутии или торби.

“И погодете што друго – миењето на рацете пред јадење е најдобра вежба дури и кога нема пандемија!”

“Дали да ги миеме свежите производи со сапун?”

Сапун апсолутно не треба да се користи за миење храна, бидејќи не е наменет за миење храна. Ако се проголта, сапунот може да предизвика гадење, повраќање и дијареја.

Според сегашните препораки од научниците, вклучително и американскиот ФДА, свежото овошје и зеленчук треба да се мијат добро во ладна вода пред потрошувачката.

“Дали со торбите/вреќите за пазарење за повеќекратна употреба може да се пренесе вирусот?”

Многу луѓе користат торби за повеќекратно користење како одговорен избор за некористење на пластични кеси и тоа е добро но и кога нема пандемија, торбите треба редовно да се перат.

И покрај тоа што во теорија е можно да се „соберат“ бактерии на торбите додека сте во продавницата (вклучувајќи го и коронавирусот), најголемата закана со која се соочуваме во продавницата е лице заразено со „Ковид-19“.

Шафнер предлага да чувате кеси за намирници во вашиот автомобил (или некаде надвор од домот за престој), така да ги имате при рака следниот пат кога ќе одите во пазарење.

Откако ќе ги ставите сите намирници во фрижидер или во кујнски ормани, измијте ги рацете. Се разбира, истото важи и во време кога нема пандемија.

“Како можам да го намалам ризикот од инфекција при купување намирници?”

Скоро сите продавници имаат санитарни средства на влезот. Некои, исто така, нудат и опција за дезинфекција на количката за пазарење. Клиентите треба да го искористат ова, доколку тоа им е достапно во продавницата.

Шафнер советува да се направи список на намирници и други потребни работи што треба да се купат, што ќе го олесни брзото и ефикасно движење на продавницата.

Тој повторува дека треба да се чува растојание од околу два метра во продавницата, а доколку на излезот е достапен дезинфициенс, треба да се користи повторно при излез.

Извор: sciencealert

94 Shares