Дали сте 100% сигурни дека спиете на чисто? 6 знаци покажуваат дека не е така

Малите штетници се хранат со крвта и кожата што ја оставате на постелнината и многу е тешко да се ослободите од нив

Може да бидете совршено убедени дека спиете на чист кревет, но вистината е дека можеби го делите креветот со многу грини и други паразити, а да не сте свесни за тоа. Ова се оние домашни миленичиња поради кои експертите постојано предупредуваат дека постелнината треба да се променува многу почесто отколку вообичаеното.

6 алармантни знаци

Бубачките се, на пример, најчестите домаќини во вашите кревети кои навлегуваат и живеат во пукнатините на вашиот душек. Тие се хранат со крвта и кожата што ја оставате на постелнината.

Во суштина тие не се опасни, но може да добиете црвен осип ако ве гризнат. Во потешки случаи, нивните гризнувања може да резултираат со чешање, па дури и со водени меури на кожата.

Ова се 6 клучни знаци кои укажуваат на фактот дека имате наезда од бубачки во спалната соба и не се ни малку убави:

1. Мали бубачки или мали јајца во пукнатините и наборите на душекот и мебелот
2. Каснување на кожата
3. Малите црни точки на душекот – инаку нивниот исушен измет
4. Лушпите на креветот – бубачките ја менуваат кожата како што растат
5. Крвави дамки на постелата – ако случајно сте ја уништиле бубачката додека се хранела
6. Непријатниот, постојан мирис во спалната соба.

Како да се ослободите од нив?

Ако се сомневате дека имате наезда од бубачки, најдобро е да ангажирате професионалци кои ќе ви помогнат со помош на инсектициди за да се ослободите од штетниците. Ако не сакате да преземете толку големи чекори, можете сами да се обидете, но тоа ќе биде тешко. Еве што треба да сторите:

– Исперете ги постелнината и облеката во која спиете на 60 степени или ставете ги во машина за сушење на програма од 30 минути.
– Со правосмукалка соберете ги сите бубачки кои ги гледате, а потоа фрлете ја кесата.
– Ако станува збор за непријатна наезда од бубачки, најдобро е да се фрли душекот и да се купи нов.
– Користете пластична покривка за душекот за да спречите инсектите да не стигнат до вашиот кревет.

4 Shares