Дали спиете во долна облека или без неа? Експертите откриваат што е поздраво

Добро размислете дали ќе облечете долна облека кога ќе легнете.

На прашањето дали спиете во долна облека или не за време на една анкета, повеќето од нив одговорија потврдно, прашувајќи се за какво прашање станува збор воопшто.

Можеби никогаш не сте ни размислувале дали е здраво или не, но експертите тврдат дека не е!

Американската докторка по гинекологија Алиса Двек вели: “Јас често ги советувам моите пациенти да спијат без долна облека. Ако интимната област е постојано покриена, особено со ткаенина што не апсорбира влага, се создаваат услови кои се совршени за развој на бактерии и габи”.

Таа истакна дека ова правило особено важи за жените во менопауза кои повеќе се потат, пренесува Хафпост. Двек препорачува ако веќе носите долна облека за спиење, тоа да се боксери или некои пошироки панталони. „Тесната долна облека кај мажите може да предизвика неплодност“, изјавува докторката.

9 Shares