Дали сакате да пеете под туш? Еве како влијае тоа на вас

Без оглед какви се вашите вештини за пеење, вие правите добро за себе доколку пеете под туш кога се туширате.

Едно истражување спроведено во Австралија покажа дека секоја петта личност сака да пее под туш, но многумина се срамат да го признаат тоа. Не треба да се срамите, оваа забавна активност има многу позитивни здравствени ефекти.

Без оглед какви се вашите вештини за пеење, направете добро за себе и почнете да пеете под тушот. Како што пренесува Bright Side, пеењето го намалува крвниот притисок затоа што делува смирувачки на нашето тело и ум.

Исто така, го намалува кортизолот, хормон кој го зголемува крвниот притисок и го зголемува шеќерот во крвта.

Според научниците, пеењето го зголемува имуноглобулинот А тој нè штити од инфекции, што би значело дека може да го подобрите имунитетот ако малку го пуштите гласот додека се туширате.

Научниците од Шведска откриле дека музиката и пеењето му помагаат на телото да произведе окситоцин, хормон кој може да го подигне вашето расположение и да помогне при вознемиреност, а изведувањето на вашата омилена песна во свој стил може да ве смири и ублажи болката бидејќи ослободува ендорфин што го олеснува непријатноста.

2 Shares