Дали пиењето вода со лимон на празен стомак е навистина здраво за организмот?

„Моето лице беше исчистено од мозолчиња, дури и ситни темни пигментациски точки, а кожата ми беше скоро беспрекорна: немаше воспаление или вишок себум и немаше нови темни дамки“. раскажуваат оние кој го практикуваат ова.

Веројатно нема сомнение дека лимонот е добар за здравјето, но дали пиењето вода со лимон секој ден крие некои вистински здравствени придобивки за нашето тело?

Gianluca Russo реши да го провери ова кога се согласи на предизвикот да пие само вода со лимон една недела.

Веројатно сте прочитале за многуте лековити својства на лимонот, кој исто така се споменува како природен антибиотик, благодет за имунитет, природен антисептик и дека помага при ублажување на болки во грлото и грчеви во менструацијата.

Според некои, водата со лимон помага и во борбата против младите акни. Русо пиеше 2,5 дцл вода со половина исцеден лимон на празен стомак една недела наутро, а веќе, како што рече, на крајот од неделниот предизвик, забележа дека кожата и е почиста и полесна.

“Некои рецепти што ги најдов велат дека водата треба да биде топла, но искрено ми беше лошо од тоа, затоа се одлучив за посвежа верзија и на мое изненадување, брзо ги видов резултатите.

Лицето ми беше исчистено од мозолчиња, дури и од “помали темни точки за пигментација и мојата кожа беше речиси беспрекорна: немаше воспаление или вишок себум и немаше нови темни дамки.

Покрај тоа, таа стана многу помека на допир и многу полесна”, пишува Русо за Инсајдер. Патем, водата со лимон е еден од начините да се добие потребната количина на витамин Ц и да се зголеми хидратацијата.

3 Shares