Дали е здраво да се пие кафе на празен желудник?

Сигурно познавате некој кој “не може да функционира“ додека не го испие своето прво утринско кафе

Такви има многу, а не се ретки и тие кои тврдат дека без утринското кафе, главно на празен желудник, се немоќни, уморни, слабо концентрирани, намалени способности од сите видови…

Позитивните својства на кафето се бројни и несомнени. Но, научниците тврдат дека во никој случај не е добро да се консумира на празен желудник. Имено, според истражувањето, тоа е особено штетно и за луѓето кои имаат гастрични проблеми.

Празниот желудникот “помага” во формирањето на желудечната киселина, што може да предизвика непријатност за време на варењето на храната.

А протеините кои притоа не се варат таму, исто така, доведуваат до други потешкотии како што се отекување или повраќање. Затоа, најдобро е да јадете нешто пред да го испиете кафето и така да ги заобиколите сите проблеми. Било тоа овошје или парче леб.

27 Shares