Дали бакнежот е знак на неверство?

Повеќе од 5.000 жени и мажи учествуваа во истражувањето спроведено од страна на организацијата “Relate“, кои имаа задача да одговорат на серија прашања кои се однесуваат на емоционална измама.

Она што многу ги изненади се фактите што оваа студија забележа голема разлика меѓу половите, поточно начинот на кој тие ја сметале измамата.

Според статистичките податоци, еден од пет мажи не го сметаат страствениот бакнеж дека спаѓа за неверство, додека дури 91 процент од жените го тврдат спротивното.

Кога станува збор за секстинг (испраќање на сексуални пораки со експлицитна содржина преку мобилни телефони или компјутери), ситуацијата е поинаква. Девет од десет жени и осум од десет мажи велат дека размената на сексуално експлицитни пораки е измама.

Покрај тоа, според извештајот, порнографијата има се поголемо влијание врз модерните љубовни врски.

Дваесет проценти од жените велат дека сметаат дека е неверство ако нивниот партнер гледа порно филмови сам, во споредба со една десетина од мажите кои не гледаат ништо лошо во врска со тоа

Сепак, љубовната или сексуалната измама се уште се еден од најголемите проблеми во врските, а само 33 отсто од учесниците во истражувањето велат дека веруваат дека нивната врска може да ја преживее аферата.

6 Shares