Анкета-кликни и гласај | НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН – Дали мислите дека е добра мерка? Дали ќе се изгубат работни места?

Нов предлог кој што го најави премиерот Зоран Заев на граѓански инацијативи во последно време да се прогласи Недела како ден да е неработен за сите.

Недела да биде неработен ден за сите, Владата најавува расправа за оваа проблематика по барања на најниско платените работници!

Но, по логични размислувања и едноставни пресметки, може да се случи спротивен ефект, ТОКМУ тие најниско платени работници да ги изгубат своите работни места.

Од фактот дека никој работодавец нема да плаќа за некој да седи дома можеби ќе се случи спротивен ефект и дел од луѓето да ги изгубат работните места.

За оваа проблематика мора и треба да се разгледаат деталите, да се земат во предвид одредени фирми каде што оваа појава на работа во недела е честа. На пример скоро секој маркет, продавница за кондиторски производи работи во недела.

Логичната ситуација од терен укажува на тоа дека фирмата-маркет која ја земавме како пример, вработува луѓе на 40 работни часа неделно, вклучувајќи работа и во Недела. Па доколку се исклучи недела како работен ден посочената за пример фирма би напуштила еден до двајца вработени доколку тој вработува десетина вработени затоа што нема да има потреба од двајца што би работеле недела а би имале слободен ден друг освен недела.

Во праксата, едни исти работници не работат секоја недела, туку тие имаат променливи смени така што може да се случи истиот работник да работи една или две недели во месецот, но слободни денови му се некој други во неделата, сепак повеќето работат 40 часа неделно.

Доколку посочената фирма за пример, има повеќе маркети, повеќе вработени, фирмата ќе напушти многу повеќе од двајца работници затоа што го скратила работното време за еден ден во една недела, а тоа е месечно многу работни саати, и во повеќе објекти се огромен број вработени.

На овој начин со оваа мерка би се постигнал спротивен ефект од посакуваниот, затоа посебно во микро и средни фирми работата во недела би се забранила, но сепак фабриките кои не можат да затворат ниту еден ден, тие би работеле и во недела и покрај мерките.

Подоле подготвивме анкета, на која можете да гласате за вашето мислење за оваа мерка, гласањето е анонимно.

ДАЛИ МИСЛИТЕ ДЕКА Е ДОБРА МЕРКА НЕДЕЛА ДА Е НЕРАБОТЕН ДЕН?
8 гласови · 8 одговори
4 Shares