Ако го додадете ова во шампонот, ќе ја препородите косата

Без чист и здрав скалп, нема убава коса, а грижата за скалпот е често на последното место.

Кога скалпот е чист, косата станува помалку масна, расте побрзо и изгледа свиленкаста и поздрава. Добро е да се лупи скалпот од време на време и да се отстранат остатоците од препаратите што ги користите и маснотиите што се акумулираат.

Наместо да потрошите многу пари на парфимериски производи, направете пилинг сами, додавајќи лажица шеќер во шампонот што вообичаено го користите.

Шеќерните гранули ќе направат нежен пилинг и ќе ги отстранат сите мртви клетки, а истовремено ќе овозможат регенераторот што ќе го користите полесно и подобро да навлезе во косата и да ги хидрира.

Користете:

Кога ќе ги измешате шампонот и шеќерот, направете нежна масажа 3-4 минути за да бидете сигурни дека сите нечистотии се отстранети. Потоа измијте ја косата како што обично правите.

Шеќерот ќе се стопи, така што нема никаква грижа дека ќе остане во косата.

8 Shares