Зошто некои бебиња постојано икаат и дали тоа е опасно?

Зошто некои бебиња постојано икаат и дали тоа е опасно?

Бебињата почнуваат да икаат уште во стомакот на мајката пред да се родат тоа не штети на било кој начин. Постојат многу теории, како да се запре икањето, но докторите велат дека за тоа нема потреба.

Икањата кај бебињата е сосема нормално, според babycenter.com. Бебињата почнуваат да иакат уште кога се создаваат во мајката и дека тоа воопшто не штети на организамот на детето.

Родителите често може да се загрижени за икањата на бебето и се обидуваат да им помогнат тоа да запре, но за тоа нема потреба, вели д-р .. Lynnette Mazur, педијатар од Хјустон. Таа тврди дека причините кои предизвикуваат икање често се хранењето (доење на детето, хранење со шише и слично).

“Икањето е проблем за родителите, но на бебињата не им пречи. Јас не би се грижела, дајте малку време тоа само да престане”, советува докторката.

Постојат многу теории, како да се запре икање, но докторката вели дека за нив нема потреба. Не давајте на детето вода за да престане, немојте да го притискате за јазикот или пак да го удирате по грбот и слично, затоа што за овие теории нема никаков доказ дека помагаат во запирање на икањето. Докторката Lynnette кажува дека има теорија која вели дека позади икањето на дете стој голем медицински проблем но дека тоа е многу ретко.

Сепак препорачува, ако сте сеуште загрижени за икањето на вашето дете можете да се посоветувате со педијатар.

3 Shares