Во Германија најмногу се крадат спортски автомобили на дизел

Иако минатата година помалку автомобили биле украдени во Германија отколку предходната година, штетата е преголема бидејќи тие главно крадат луксузни автомобили.

Во Германија минатата година, помалку автомобили беа украдени отколку предходната година, но штетата е преголема, бидејќи во главно се украдени луксузни автомобили, објавија во понеделникот Здружението за германско осигурување на автомобили (GDV).

“Бројот на украдени автомобили, со 17.493 случаи, е четири проценти понизок од 2016 година, но штетата се зголеми за осум проценти и изнесуваше 324 милиони евра за претходната година”, се вели во соопштението.

Статистиката се однесува на автомобилите осигурани од кражба.

Просечниот исплатен надоместок исто така достигна рекорден износ, а исплатени се 18.500 евра.

На врвот на листата на највеќе украдени автомобили, најчесто се скапоцени тркачки автомобили, а на првоместо , со 15.3 украдени автомобили на 1.000 регистрирани возила од овој тип се, Audi Q7 3.0 TDI, проследено со Mercedes ML 63 AMG и Mazda CX5 2.2 D.

Во горниот дел на скалата се исто така скапиот теренец на BMW X5 серијата и Range Rover. Вкупен број на украдени возила од ист модел се Volkswagen, поради огромното производство и распространетост на овие автомобили, кои минатата година 3606 пати се најдоа на удар на крадците.

Опасноста од крадење на вашиот автомобил е најголема во Берлин, а најмала е во Баварија и Баден-Виртемберг.

2 Shares