(ВИДЕО) НА ИНТЕРНЕТ СЕ ПОЈАВИ ШОКАНТНА СНИМКА ОД СМРТТА НА СОПСТВЕНИКОТ НА ЛЕСТЕР СИТИ

Британските медиуми објавија снимка од една безбедносна камера за надгледување во Лестер, која ја сними авионската несреќа во која настрада сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер Сити. На снимката која трае 36 секунди, видливо е како хеликоптерот полетува од стадионот King Power и по само 30 секунди во воздухот започнува да паѓа.

Причината за падот сè уште не е откриена, а истрагата е во тек.

Да се потсетиме, во оваа несреќа животите ги изгубија претседателот на Лестер Сити, Вичаи Сриваданапраба, неговите соработници Нурсара Сукнамаи и Кавепорн Пунпаре, како и пилотот Ерик Свафер и копилотот Изабела Роза Лехович.

Несреќата се случила во саботата вечер на околу двесте метри од стадионот King Power.

2 Shares