Што ви кажува бојата на Урината за вашето здравје?

Здравјето на урината и сличните теми од нашите бањи едноставно не добиваат доволно внимание. Ова се секогаш табуа на теми за кои не се зборува, но некои, ако не и повеќето, навистина треба да се земат во предвид.

Бојата на урината добро може да ве сигнализира и да ве предупреди на грешките што можеби ги правите или едноставно да потврдите дека сте здрави. Што е сигурно, урината е критична за ослободување на штетни нешта од вашето тело.

Еве најчестото прашање: “Зошто урината речиси секогаш е жолта, без разлика што јадете или пиете?” Виновникот во оваа приказна се вика уробилин.

Целата приказна отприлика оди овака

Вашето тело содржи одредена (огромна) количина на црвени крвни клетки, но тие не остануват во телото и во вашиот систем многу долго време. Еритроцитите содржат железо. Белите крвни клетки го “консумираат” тоа железо за да го задржат во вашето тело додека истовремено го решаваат билирубинот (Билирубин е хемиско соединение кое се состои од тетрапироличен прстен, формиран со уништување на молекулата во човечкото тело и зеленикав пигмент.

Тој е составен дел од молекулата на хемоглобинот, едно од најважните соединенија во еритроцитите).

Бактеријата уробилин го пресретнува билирубинот во крвотокот и го турка до една од двете места – тука мислиме дека не треба да објаснуваме кои се тие две места.

Во “уринарниот тракт”, билирубинот се движи кон бубрезите кои ги извлекуваат сите вредни хранливи материи од него и ги трансформираат супстанциите во молекули што се ЖОЛТА БОЈА, уробилин.

Кога ќе излезе од телото, количината на вода (или некоја друга течност) што сте ја внеле, исто така, ќе влијае на нијансата на жолта боја, бидејќи водата во вашето тело уште повеќе го разредува уробилинот.

Густи бои и здравје на урината

Бојата на урината што ја исфрлувате од телото во WC школката секако ја испраќа пораката. Различни бои или нијанси зборуваат различни работи за вашето тело и вашиот животен стил. Да почнеме со жолта боја.

Потполно чиста: Внесувате тони на вода? Можеби постои шанса “малку’ да хидрирате.

Бледо жолта боја (боја на слама): Браво! Ја добивте наградата за најценета боја досега! Бледо жолта, речиси проѕирна боја значи дека сте здрави и добро хидрирани.

Проѕирна жолта, но не и бела: Да, сеуште ја заслужувате наградата, здрави сте и здравјето на урината тука е на ниво.
Темно жолта: Нема причина за загриженост, но прво треба да се внесе течност во прва прилика- најдобро веднаш.

Мед / жолтеникава боја: Жедни сте? Вие сте малку дехидрирани. Напијте се чаша вода, три, четири, сега!

Неон жолта: Тука може да има зголемено количество рибофлавин. Дали во меѓувреме сте испиле некои мултивитамини?

Светло кафена: Вие сте екстремно дехидрирани или можно е црниот дроб да не работи како што треба. За почеток, почнете да пиете многу вода во мали интервали и ако бојата не се промени во стандардна, мора да посетите лекар.

Црвенкаста, розева: Можеби сте претереале со цвекло, боровинки или рибизли, но може да имате малку уринарна крв. Ова не мора да значи ништо страшно, но тоа е сигурен знак дека посетата на лекар е задолжителна. Причината може да биде уринарна инфекција, заболување на бубрезите, проблеми со простатата или нешто друго, а ние пак ќе повториме, посета на лекар тука сигурно е задолжителна.

Портокалова боја: Исто така знак за дехидрација или проблеми со црниот дроб или панкреасот. Посетете лекар!

Сина или зелена: Верувале или не, разни ретки генетски болести и состојби може да го направат изгледот на урината навистина уникатен. Иако овде може да стане збор за боја или адитив од некоја храна што сте ја конзумирале, може да биде и воспален меур или некое слично воспаление/инфекција. Погодивте, посетете лекар!

Пена или меурчиња: Во ред, знаеме. Ова не е боја, но тоа е еден вид на ситуација. Меурчиња или пената не се толку чудна појава. Ако таквата состојба не се појавува секој ден, веројатно немате причина за загриженост, но ако ова се повторува од ден на ден, мал разговор со лекарот без премногу алармантност е секако добредојден.

Дали знаевте дека зголемениот внес на протеини тука исто така може да биде причина?

0 Shares