“Спиев со своето момче и со жената со која што ме изневери“

Колумнистката Хејли Куин открила што чувствувала во оваа невообичаена ситуација и како завршиле работите

Кога имав 18 години, моето прво момче кое што многу го сакав во една прилика беше на некаков уметнички фестивал, а во истиот хотел се одржувал и порнографски фестивал, започнува колумнистката.

“Ми јави дека учествувал во оргија со три порно глумици кои што таму ги запознал. Тоа ми беше потполно нејасно и ми го скрши срцето“, признава.

Пред многу години дознала дека момчето ја изневерило на најлош можен начин. Бил во врска со некоја девојка зад нејзиниот грб, но не спиел со неа, само му се допаѓала. “Ја контактирав и ја поканив да дојде со нас во хотелот на некоја забава, а знаев дека таму ќе се случи нешто. Само сакав да имам контрола над ситуацијата.“, пишува колумнистката за Broadly.

Беше прекрасна, студираше на Оксфорд и беше пет или шест години помлада од Хејли. “Во еден момент двете си ги поправавме шминките пред огледалото во хотелот и сфатив дека нешто не чини, а тоа е дека и двете ги поправаме шминките за ист фраер.

И тогаш ме погледна и ме праша: “Може ли да го бакнам твоето момче?“ Ми се крена во стомакот, не сакав да ја гледам, но морав…Мислам дека на мојот партнер не му беше убаво, се чинеше како да му е неугодно.“

После забавата сите завршија во хотелската соба и знаеја дека ќе доживат некакво поинакво сексуално искуство.

“Моето момче не можеше да ја одржи ерекцијата. Јас ја заврзав и почнавме да имаме секс додека тој гледаше.“

Кога завршиле, погледнала во своето момче и знаела што мисли, знаела дека не може ништо да стори. “Го прашав дали сака да спие со неа а јас да гледам…“

Не можеше да спие со неа. “Кога заспавме, сфативме дека нема доволно место за нас во ист кревет па морав да седам на прозорот и да гледам како се гушкаат додека не изгреа сонцето. Не се чувствував добро.“

Следното утро ги чекаше осумчасовно возење до Лондон. “Таа седеше позади и се беше чудно. Кога застанувавме да купуваме храна, тие двајцата се одделуваа. Тотално чудно. Се обидував да бидам кул, но сфатив – тие се емоционално интимни, а јас сум надвор од тоа. Следниот пат кога партнерот ќе ме изневери, ќе одам по традиционален пат, ќе се откажам од се и ќе ја прекинам врската.“, пишува таа.

После тоа искуство, колумнистката решава да живее со него. Живееле заедно година дена, а она патела затоа што нејзиното момче било опседнато со друга жена. Се видел со неа најмалку еднаш после сексот во тројка и после тоа нивната врска завршила. “Дознав дека сум трудна, а тој ме остави. Одлучив да го задржам детето, но имав спонтан абортус во покасната фаза на трудноќата.“

“После абортусот, се разбудив од зимскиот сон. Немав партнер, немав никој кој што ме сака и подржува, па не знам зошто го одржував тоа полумртво нешто.“ “Сега конечно се чувствувам онака како пред сето ова“.

4 Shares