Сопственикот на Топ Шоп обвинет за сексуална злоупотреба заедно со топ модели

Откако “Дејли Телеграф” објави статија во која се спомнува мистериозниот британски бизнисмен со наводни бројни кривични пријави за сексуално вознемирување и злоупотреба на жените, британскиот пратеник Питер Хеин го искористи своето парламентарно право и го позначи тој бизнисмен – тврди дека станува збор за  Сер Филип Грин, британскиот магнат и сопственикот на модната компанија Топ Шоп.

Грин, кој инаку може да се види во друштво на најпознатите светски модели и други познати убави личности, ги негира сите обвиненија, но денес “Дејли Меил” се сеќава на скандалот во јануари во врска со хуманитарната асоцијација Клубот на Претседатели и нивните годишни добротворни вечери, настан многу близок до Сер Филип Грин.

На почетокот на годината, “Фајненшл Тајмс” поднесе обвинение дека оваа вечера била всушност одскочна даска за сексуална злоупотреба на многу млади жени кои работеле таму како хостеси. “Околу 130 убави, високи, слаби млади жени, ангажирани како хостеси на настанот на кои само присуствуваат мажи, ноќта ја поминуваат со вознемирување и напади од средовечните мажи”, се пишуваше тогаш.

Една девојка изјавила дека еден од гостите за време на вечерата и го покажал пенисот, а друга кажала дека еден и рекол: “Сакам да ја испиеш чашата, да ги соблечеш панталоните и да танцуваш на масата”

Имаше извештаи дека постојат и ескорт девојки, кои по вечерата морале да парадираат на подиумот, а тогаш Сер Филип Грин ги коментираше обвинувањата, велејќи: “Ова се тешки срања. Сите оние работи кои, наводно се случија не се ништо различно од она што за време на викендот се случува во секој лондонски клуб. ”

Тој беше еден од 360-те мажи на тој настан.

Сер Филип Грин со години го бие глас дека е контроверзен тип. Наводно еден вработен што го отпуштил, прво го поканил во својата канцеларија, му покажал еден куп пари на масата и му рекол: “.. Еве волку ме чиниш. Леташ.”

Во текот на целата година, тој создаде една од најголемите светски модни империи и стана еден од најбогатите луѓе. Тој се дружи со холивудската елита, секогаш е придружен со убавици, и често се гледа во друштво и со холивудскиот продуцент, при што е настана движењето “Me Too” – Харви Вајнштајн. Особено е близок и со топ моделот Наоми Кемпбел.

Неговите вработени го опишале во биографската книга како “целосно одвратно човечко суштество”, пишува “Дејли Меил”. Наводно, стално му се заканувал на некој вработен. “Биди благодарен на Бога дека овој ден не си ти”, раскажува еден од работниците во канцеларијата.

“Ти си сосема бескорисен, би те фрлил надвор од прозорецот, но ти си толку дебел што веројатно ќе се вратиш назад”, наводно му рекол на еден вработен.

Сер Филип Грин инаку со неговата сопруга Тина живее во Монако, но патува секоја недела во Лондон, каде што работи. Иако управува со сè, сопственоста на компанијата е во рацете на неговата сопруга. Во 2006 година тој беше препорачан од Тони Блер за титулата витез.

Неговите згрозени забави се познати на кои често се споменува кокаинот, а алкохолот течел како река. На својот 50-ти роденден, организирал авион за 220 гости, облечени во грчки носии и почестени со илјадници шишиња вино, 400 шишиња шампањ и 40 килограми кавијар.

Тој се појавувал облечен како царот Нерон. Тој го сторил истото за својот 60-ти роденден кога 150 гости ги одвел во Мексико, а забавата го чинела повеќе од седум милиони долари.

Инаку, неговата ќерка Клои е верена со Џереми Микс кој е наречен најзгодниот затвореник на светот, а нивната врска ги полнеше таблоидите откако ја изневери вереницата со некоја богата убавица во јавноста.

4 Shares