Руски авион “упадна” на најголемата вежба на НАТО (видео)

Пентагон тврди дека рускиот авион прелетал на само 500 метри од американскиот воен брод.

Руски воен авион упаднал на најголемата вежба на НАТО од завршувањето на Ладната војна, јавуваат британските медиуми.

Оценуваат дека Русите ризикувале со таквиот инцидент да предизвикаат војна со 29 членки на Алијансата.

Како што наведуваат, војниците на американскиот воен брод “Mount Whitney“ се собрале за заедничка фотографија на палубата, кога се појавиле два авиони од типот Тупољев ТУ-142 крај норвешкиот брег.

„Они нас не набљудуваат и ние нив ги набљудуваме“, рече полковникот Гарт Мангер од британската Кралска морнарица, задолжен за оперативни должности на американската воена морнарица.

Меѓутоа, британскиот адмирал Гај Робинсон ја “спушта топката“.

Русија: Планиран лет во неутралните води

“Ние сме на море, секој има право да биде овде. Ова се меѓународни води, меѓународен воздушен простор“, рече Робинсон.

Русите потврдија дека двата авиони ТУ-142 извеле претходно планиран лет во неутралните води на норвешкото море.

Пентагон тврди дека рускиот авион прелетал на само 500 метри од американскиот воен брод, кој учествува во најголемите воени вежби на НАТО од завршувањето на Ладната војна, заедно со 50.000 војници, 65 бродови, 250 летала….

Британските медиуми потсетуваат дека минатата недела Москва објавила дека ќе тестира ракети во регионот во текот на вежбите на НАТО кои ги нарече “антируски“ вежби.

0 Shares