Не можев да имам секс: “Ме советуваа да си ставам свеќа во вагината” (видео)

Американката Шелби Хаден живее со несекојдневен медицински проблем кој и го уништува животот. 25 годишната девојка открила дека од 14 годишна возраст, односно од првата менструација, има вагинизам.

Се работи за неповолна контракција на мускулот на ѕидот на вагината кој оневозможува пенетрација за време на сексуалниот однос, но се појавува и за време на користење на тампони или на гинеколошки преглед.

“Не можев да ставам тампон и знаев дека нешто не е во ред. Чувствував како да го туркам тампонот во дупка што не постои и тогаш ми се јавуваше огромна болка”, рече таа.

Нејзината мајка ја поттикнувала да не се откажува, туку да проба да ги користи тампоните со помош на вазелин.

“Стоеше пред тоалетот и ми даваше инструкции како да го најдам вистинскиот начин. Можев да и го слушам крцањето на забите како ми викаше да ставам повеќе вазелин. Но знаев дека вазелинот нема да ми помогне” додате таа.

Како и секои девојки во своето друштво, така и во нејзиното сите зборувале за нивното прво сексуално искуство, а таа се чувствувала изолирано и осамено со својата тајна.

“Бев кај повеќе доктори и ниеден од нив не бил запознат со мојот проблем и како да се излечам. Ми говореа дека треба да се опуштам, но тоа е тешко кога знаеш дека те очекува преголема болка. Некои ме советуваа дека треба да се напијам алкохол пред интимниот однос ” додаде таа.

Еден гинеколог ја советувал да купи најтенка свеќа и да ја вметне во вагината за време на менструација. Друг и препорачал да прави Кегелови вежби, но од нив мускулите и се напнувале, а пенетрацијата била тешка.

За време на еден преглед, една медицинска сестра и ги држела колената, бидејќи на докторот му здосадувало тоа што го стискала секој пат кога тој ќе и се приближел.

На факултет се обидела да стави свеќа во вагината, но тој обид завршил со крв и со огромна болка.

“Сватив дека во иднина нема да биде тоа што си го замислував. Да се омажам и да имам деца. Се тоа ми зависи само од еден дел на телото”додаде таа.

Работите и се променија кога отишла кај еден физикален терапевт кој бил специјализиран за болки во карлицата.

“Ме растегна со рацете, а замислете дома имам пластични вибратори, слични на пенисот, во различни димензии. После тоа можев на 21 година да почнам да користам тампони” раскажува таа.

Одлучила да ја изгуби невиноста, но првиот секс не завршил онака како што таа го замислувала. Почувствувала огромна болка и му рекла на партнерот да престане. Му објаснила дека не е до него, туку дека она пати од вагинизам.

“Почна да се смее кога потполно гола му објаснив и му ја открив мојата најболна тајна. Се облековме а тој си замина и рече дека повеќе не сака да ме види” објаснува таа.

После тоа редовно го посетувала физикалниот терапевт кој и помогнал да ги опушти мускулите и да ги тренира на различни начини а истовремено посетувала и сексолог. Продолжила дома со вежбите со вибраторите.

Вели дека денеска колку-толку е излечена. Веќе не оди на терапии, само прави домашни вежби. Сексот повеќе не и е толку болен, а за својот проблем раскажала во еден краток филм кој го објавила на YouTube.

4 Shares