Лошите Страни на Aнтибиотиците

Малите деца до две години кои што конзумираат антибиотици, имаат поголема можност од појава на дебелина во постарата животна доба.

Антибиотиците веќе некое време се трошат како аспирини – за секоја болка има барем еден, а ни лекарите никогаш не биле толку лесни на моливот кога треба да напишат рецепта…и што сега?

Тоа донесе проблеми кои што се сè само не безопасни – антибиотиците многу силно делуваат на нашиот организам, така да колку што ни помагаат во уништувањето на лошите бактерии, толку и ни го слабеат имунитетот.

Но, ни тука не е крајот – новите истражувања покажаа уште една нивна лоша страна: малите деца до две години кои што конзумираат антибиотици, имаат поголема можност од појава на дебелина во постарата животна доба.

Истражувањето вклучи 300.000 деца кои што во првите две години консумирале антибиотици. Резултатите покажаа дека нивниот ризик од покасна дебелина пораснал за 26% и тоа повеќе кај девојчињата отколку кај момчињата.

“Мораме да бидеме внимателни кај давањето антибиотици на децата, бидејќи ги ставаме во опасност од заболување од разни други болести во иднината, а во тоа, освен проблемите со дебелината, ги вбројуваме и проблемите со високиот крвен притисок, дијабетес и проблеми со срцето“, рече доктор Кејд Нилунд за Дејли Меил.

Научниците тврдат дека силните антибиотици можат да ги уништат важните бактерии кои што помагаат во редуцирање на телесната тежина.

Затоа, ако за вас е веќе касно – за вашите деца не е…

49 Shares