Кои ситуации во врската жените ги толерираат, а мажите не?

Следните методи на однесување жените полесно ги прифаќаат во врските, за разлика од машкиот пол …

Постојана употреба на телефонот

Секогаш постои некоја работа што треба да се заврши или да се направи нешто што не може да ве одвои од телефонот, дури и кога вечерате.

Селективна меморија

Колку пати треба да ја повториме истата реченица затоа што мажот не е доволно фокусиран за слушање?

Екстремна мрзеливост или непријатност

Сите ние имаме наши моменти, но никогаш да немате време да ги средите работите – тоа не е можно.

Очекување од партнерот/ката да ги заврши сите домашни работи

Жената работи по цел ден, без разлика дали оди на работа, се грижи за децата или се грижи што да спреми за ручек, а партнерот очекува да го исчисти и станот додека тој гледа телевизија?

Не се труди да смисли некој план

Не би требало секогаш само една особа да одбира клуб во кој треба да испаднат или во кој ресторан да отидат на вечера. Тоа треба да го смисли мажот, понекогаш само жената.

Претерано дружење со пријателите

Жените разбираат колку е важно мажите да се дружат со својата екипа, исто како што жените не можат да пропуштаат кафе со своите пријателки. Но, тоа никогаш не треба да биде изговор за напуштање на куќата и да се избега од некоја обврска.

Игнорирање на партнерот и заборавање на малите гестови

Малите гестови се убав начин да му покажете на својот партнер како го цените сето она што го прави за вас.

Служење со ситни лаги

Зошто имате потреба да зборувате глупави лаги што ги користите како аргумент? Секогаш е подобро да се каже вистината и отворено да се зборува за тоа.

Очекувате да добиете, а за возврат ништо не давате

Врските се засноваат на давање и примање, имајте го тоа во вашата глава.

Премногу време ви проаѓа одвоени

Времето за себе е многу важно, но да не се видите со денови или недели, кажува дека вашето присуство не му е премногу важно

9 Shares