Кој е идеалниот број на сексуални партнери ?

Ако жената имала сексуални односи со само еден или двајца партнери, а мажот со два или три партнери, тие обично се сметаат за премногу конзервативни, но кои се горните граници на подобноста?

Бројот на сексуални партнери е непријатна работа – некои не сакаат да знаат што нивниот партнер правел пред нив, други бараат бројки … и огромниот мит е дека мажите имаат повеќе бројки, затоа што жените се обидуваат да го “задржат добриот глас”. Но, дали е ова вистина?

Се разбира дека не е – мажите почесто од жените лажат за своето сексуално минато, поточно за тоа колку партнери имале, потврди истражувањето на страницата Superdrug Online Doctor. Сепак, главното прашање на истражувањето беше идеалниот број на сексуални партнери.

Според испитаниците кои биле прашани кој број е “најпосакуван” кога станува збор за сексуалното минато со нивните партнери, се заклучува дека за жените е максимум 14, а за мажите 15.

Многу мала разлика укажува на отсуство на двојни стандарди, што се рефлектира во прецизна бројка: идеалниот број на сексуални партнери за жените и мажите е 7.

Освен за големите искуства, испитаниците се изјасниле и за малите искуства со сексуални партнери: ако жената имала сексуални односи со само еден или двајца партнери и мажот со два или три партнери, испитаниците сметале дека се премногу конзервативни.

Интересно … нема да ве прашаме вие колку сте ги имале, туку сами пресметајте…

5 Shares