Кандидат во Супер Талент наместо да Хипнотизира Член од Жирито, Се Хипнотизирал Самиот Себе

После минатонеделната епизода од Супер Талент која сруши рекорд во гледаност оваа сезона на шоуто, во недела гледачите ги очекува претпоследната аудициска емисија.

Со жирито ќе се потруди и да се нашали и натпреварувачот Иван Корнерето, на гледачите попознат како член на Белите Вдовици, а наместо да го хипнотизира членот од жири комисијата Давор Билман, ќе се хипнотизира самиот себе, па ќе мора реквизитерите да го изнесат од сцената.

Дваесетгодишниот Вјекослав Шкрњуг, попознат по уметничкото име Вјеко Брате, ќе припреми забавна точка за жирито.

“По карактер сум роден шоумен, сакам да ги забавувам луѓето, но внатре сум голем емотивец со голема душа” истакна Вјеко.

Дозата на адреналин на сцената на Супер Талент ќе ја зголемат ролерската двојка Давид Прајз и Тин Хаџиомерспахиќ, кои велат дека ролерките и покрај безбројните повреди направени од нив – се нивниот живот.

Од пеачите и музичарите ќе настапи 17-годишниот Јан Самарџија, за кој жирито ќе примети како полека но сигурно се одвојува од своите врсници, а ќе се претстави со песната Одлазак од Арсен Дедиќ.

“Не ме привлекува музика што ја слушаат моите врсници. Никогаш не би можел да свирам некои рок песни”, ни откри Јан.

Натпреварувачката Рената Грунвалд доаѓа од музичко семејство, а жирито ќе се обиде да го придобие со песната Има један свијет од групата Стијене. Како директни конкуренти во шоуто се пријавени и таткото Хуснија Малкоч и неговиот син Мирза, кои доаѓаат од Бихаќ.

Додека таткото ги покажува своите вештини во  свирење на жичани инструменти и при изведба на традиционална грчка песна ќе фрла со тањири по сцената, неговиот син Мирза ќе го претстави својот талент на пеење, изведувајќи една балада.

Од танчерите ќе видиме симпатични момчиња од Нови Травник, Криминалз Брејкерс – европски и повеќекратни државни прваци кои ќе играат брејкденс заедно со танцовата група Денс Квин од Краљевица кои ќе настапат со кореографија која брои дури 45 членови.

Покрај тоа што минатата година во финалето се бореше за победа со танцовата партнерка Нина, оваа година во походот кон тронот танчерот Марин Чачија ќе оди сам.

“Важно е Нина да ме поддржува и да биде среќна за мене” рече Марин.

4 Shares