Известување од Германската амбасада во Скопје за шпекулациите за работа во Германија без виза

После разните шпекулации низ државава дека без виза и со македонски пасош ќе може да се работи во Германија од 1 Јануар 2019 година се огласи и Германската амбасада во Скопје.

„Известувањата за нов закон што ќе влезе во сила од 1 јануари 2019 и на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи да се вработат во некоја ЕУ-држава под истите услови како граѓаните на земјите-членки на ЕУ, не се точни“, кажаа од Германската амбасада.

Исто како и до сега, сите што сакаат да работат во Германија, или во Европска Унија а немаат Европски пасош ќе треба да се потрудат и да извадат работна виза, работна дозвола во струката, за повеќе дејности секако е потребна и нострификација на дипломи од завшено образование во Македонија, знаење на јазикот во одредената држава и тоа на добро ниво.

Амбасадата на Германија предупредува граѓаните да не подлегнуваат на овакви шпекулации и да даваат пари на посредници кој им обеќаат безвизна работа.

12 Shares