Излечете ги синусите со освежителен мирис

Направете смеса што ќе ја користите за време на туширање

Кога ќе завладеат алергиите и настинките, запушениот нос буквално ни предизвикува главоболки – ако додадеме мирисни дискови со есенцијални масла во бањата, за време на туширањето, синусите ќе ни бидат исчистени, а од освежителните мириси малку ќе живнеме.

Направете си сами смеса што ќе ја користите за време додека се туширате

Состојки:

  • – чаша (од 2,5 дл.) сода бикарбона
  • – ¼ чаша лимонска киселина
  • – 10 капки есенцијално масло од еукалиптус или нане
  • – околу 10 мл. Вода (2 кафени лажички)

Припрема:

Добро промешајте ја сода бикарбоната со лимонската киселина. Во втората, помала чинија, промешајте ја водата и есенцијалното масло. Постојано мешајте, во смесата од сода бикарбона и лимонската киселина по малку додавајте ги течните компоненти (секој пат неколку капки).

Добиената смеса мора да биде како влажен песок. Прицврстете ја на силиконски калапи или калапи за мафини обложени со хартиени чаши. Оставете неколку часа за смесата да се зацврсти и да почне да се суши. Потоа внимателно отстранете ја од калапите, ставете ја на решетката и оставете ги целосно да се исушат преку ноќ.

Чувајте ја во стаклен сад кој може добро да се затвори. Пред туширање, ставете ги на дното од кадата – и дишете длабоко во мирисот што ќе се шири кога ќе потече вода.

8 Shares