Исфрлете ги овие работи од домот – привлекуваат негативна енергија

Секојдневно со себе носиме лоши навики поради кој секогаш без да приметиме се осеќаме празно, несреќно и неисполнето.

Доколку сакаме да ја задржиме позитивната енергија во домот, да се осеќаме среќно и задоволно мораме некогаш да направиме некој промени кај работите што постојат кај нас а едноставно привлекуваат лоша енергија во нашиот дом.

Според филозофијата на Фенг Шуи, одредени работи кој се наоѓаат во нашиот дом можат да предизвикаат лошо расположение кај луѓето, ќе наброиме три работи од кој би требало да се ослободите и да ги подобрите позитивните вибрации во домот како би се привлекла среќата како во приватниот живот така и на работниот живот.

Еве од што би требало да се ослободите…

Суво цвеќе

Билките претставуваат симбол на напредокот и растот, па затоа овенатите билки или веќе исушените според Фенг Шуи не би требало да ги имаме дома, доколку ги имате одма фрлете ги. Овенато или исушено цвеќе е симбол за стагнирање, одење наназад во вашите животни планови и го кочи напредокот на фамилијата. Исфрлете стари букети, исушени и слаби цвеќиња.

Скршени предмети

Филозофијата на Фенг Шуи кажува дека нефункционалните, стари, искршени предмети може со текот на времето да манифестираат негативност и назадност. Многу е подобро просторот да ви е по-празен од колку да имате стари и нефункционални предмети кој ви го запираат погледот.

Поклони кој не ги сакате

Иако имаме можеби позитивни намери, многу од нас сигурно имаат добиено некој поклон кој не ви се допаѓа или едноставно ви е непотребен и некаде фаќа прашина. Иако треба да се цени гестот кон тој што ви го дал поклонот доколку ги држите оваквите поклони дома ви влијаат на лошо расположение и лоша среќа.

Таквите предмети можете да ги поклоните, можеби на тој ќе му се допаднат и него нема да му влијаат лошо.

5 Shares