Игор Тудор: Реал не е Јуве, каде играчите се војска, а тренерот е генерал

Човекот кој ќе го води Реал Мадрид во следните натпревари, е личен пријател на Лео Меси и беше член на Реаловите Галактикоси

Антонио Конте или Сантијаго Солари? За само неколку часа, Солари дојде од потполн аутсајдер до позицијата на привремен тренер на Реал Мадрид. Реаловите навивачи навиваа за Конте, а на фудбалерите повеќе драг им е Солари.

Едно е сигурно. Куп натпреварот против Мелиља во среда и првенствениот против Ваљадолид во сабота ќе биде раководен од Сантијаго Солари, објавија синоќа од “Кралскиот Клуб“.

“Оваа одлука направена со најголема одговорност има за цел да го смени расположението во кое се наоѓа првиот тим, иако сите цели на оваа сезона се сеуште достапни”, објаснија на Бернабеу, додавајќи дека постои голема разлика во квалитетот на тимот кој има осуммина номинирани за Златната топка оваа година, и досегашните резултатите.

Но, кој ќе биде шеф на Лука Модриќ на 7 ноември во Плзен во Лигата на Шампионите, се уште е голема мистерија.

Антонио Конте, без сомнение, е одличен тренер, но ако дојде во Реал, тој ќе го донесе со себе и неговиот специјален режим на исхрана.

На фудбалерите ќе им бидат забранети сите видови пици, од оние наједноставните со домати, моцарела и босилек, до оние со печурки, артичоци или сланина. Секаков леб е забранет, а по ручекот нема сладолед како десерт. Лебот може да го замени со тестенините со интегрално брашно.

Исто така, главниот оброк треба да се состои од тестенини од интегрално брашно со домати, пилешко, тиквички, модри патлиџани … Кечап и мајонез се најстрого забранети, и ако играчите сакаат да стават нешто на храната, тоа може да биде само сол и бибер. Се разбира, винскиот оцет е забранет, како и јаболковиот, а може да се користи само балсамичен.

“На крајот од мојата кариера, почнав да се грижам за мене и се чувствував многу подобро. Затоа на почетокот на мојата тренерска кариера решив дека моите играчи ќе мора здраво да се хранат, бидејќи тоа се рефлектираа и на теренот. Сè што барам е да се балансираат јаглехидратите и протеините. Тоа е многу добро бидејќи спречува повреди, а заздравувањето е многу побрзо “, објасни Конте.

Италијанецот одигра 13 сезони за Јувентус, а од таа генерација, во која беше и Игор Тудор, дури 14 играчи ја извршуваат тренерската работа денес. Покрај Конте и Тудор, тоа го прават и Пипо Инзаги, Хуан Еснаидер, Зинедин Зидан, Џанлука Замброта …

Тоа е Конте. Но кој е Солари? Ако се сеќавате на прекрасниот волеј удар на Зидан во финалето на Лигата на Шампионите против Леверкузен во 2002 година, тогаш Солари беше тој кој ја започна таа акција.

Во Галактикосите никогаш не беше на насловната страница, тоа беа Бекам, Роналдо, Зидан, Фиго, Раул … Солари беше оној кој, заедно со Макелеле, МекМанаман и Гути, “копаа” за овие да ја добијат слободата напред. Роден е во Росарио, каде што е роден и Лионел Меси и тие се могу добри пријатели.

Претседателот Флорентино Перез има голема доверба во Солари затоа што многу ги сака сите тренери во Мадрид. Тој му помогна на Зинедин Зидан и требаше да биде наследник на Зидан. И стана. Откако Зидан беше префрлен од Кастиља во Реал, Солари го замени, но резултатите не беа на очекуваното ниво. Имаше само 37,65 отсто победи и кога се очекуваше да биде отстранет, Перез му даде нов договор. Ете толку голема доверба претседателот на Рела ја има во Аргентинецот. Но навивачите повеќе го сакаат Конте, бидејќи како што тврдат со него би го донел и долго време посакуваан фудбалер на Челзи, Еден Азар.

Игор Тудор добро е упатен во структурата на Реал, бидејќи заедно со Иван Леко доаѓал да ги следи тренинзите додека на клупата беше Карло Анчелоти.

“Конте е докторираше фудбал во Италија, но Јувентус е сосема поинаков клуб. Јуве е армија а тренерот е генерал”, вели Тудор, кој ја делеше соблекувалната со Конте.

“Реал може да се спореди само со Баерн, бидејќи само во тие два клуба се цени хиерархијата. Ова не е случај во Англија, а не е ни во Шпанија. Во Реал, тренерот треба да знае како да се прилагоди на средината и да донесе нешто свое”, вели Тудор и додава:

“Тоа би било голем предизвик за него, особено кога ќе се погледне неговиот специфичен начин на работа и погледот кон фудбалот. Тоа е клуб кој мора да се справи со други работи освен со играчите и фудбалското поле. Конте е еден од најголемите фудбалски познавачи, вистински мајстор, Тој, Гвардиола и уште неколку други”, вели Игор.

Клубот резултатски се сруши откако Кристијано Роналдо замина.

“Не би рекол дека е прашање само Роналдо, не се освојува Лига на Шампионите само поради еден играч, колку и да бил значаен. Логично е во клубот да се пронајдат себеси, после неговото заминување сите се шокирани. Ова ќе им биде престапна година. Но тоа не ме загрижува. Ако видат дека не им оди и понатаму, време ќе биде да се одврзе кесето и да се донесат еден или двајца од подобрите фудбалери во светот”.

Дали ќе се промени статусот или позицијата на Лука Модриќ?

“Ако Конте дојде, со него, секој треба да профитира, едноставно затоа што е врвен тренер. Тешко е сега да се каже нешто или да се предвиди додека не дознаеме за што ќе се одлучи Конте. Знаеме дека долго време претпочитува тројца играчи во последната одбранбена линија, а не знаеме дали и во Реал некогаш ќе се одлучи за тоа. Сепак, тоа е Реал, кои во секој натпревар одат на победа, а тренерот добива свирежи ако игра дефанзивно.

Ако стане тренер на Реал, би имал предност во однос на Челзи, бидејќи овде квалитетот на фудбалери е многу поголем. Овде се Иско, Бензема, Модриќ, Кроос кои знаат да играат и да ја препознаваат секоја ситуација “.

За Тудор, нема дилема дали Конте ќе успее да се наметне кај ѕвездите на Реал.

“Тој никогаш немал проблем со дисциплината и авторитетот, бидејќи тој е господар на фудбалот, знае сè и гледа, а играчите веднаш го препознаваат тоа. Кога го чувствуваат авторитетот на знаење, тие реагираат многу подобро од закани или санкции. Верувам дека ќе најде рамнотежа меѓу “ѕвездите“, како на пример Серхио Рамос и дека од нив ќе го извлече максимумот.

Љубопитен сум како би изгледало тоа. Го познавам добро и ме интересира дали ќе се држи до својот авторитет или ќе се прилагодува на тимот од Шпанија. Но, тој е еден од најголемите научници “, вели Тудор.

2 Shares