Германските компании бараат 1,24 МИЛИОНИ работници

Најголемо зголемување на побарувачката за работници е забележано во преработувачката индустрија, додека највеќе работници се бараат во услужните дејности.

Во Германија, во третиот квартал од оваа година, со 1,24 милиони отворени работни места, забележан беше рекорден недостиг на работна сила, според Институтот за истражување на пазарот на трудот (IAB).

“Во споредба со истиот период минатата година, бројот на слободни работни места порасна за 140.000”, се вели во соопштението на IAB. Агенцијата работи во соработка со Федералната агенција за вработување од Нирнберг.

“Најголем пораст на побарувачка беше забележан во преработувачката индустрија, но побарувачката во услужниот сектор со повеќе од 600.000 работни места останува најголема”, вели Александер Кубис од IAB.

Увоз на работна сила

Во градежната индустрија беа отворени 108.000 работни места, а 87.000 во логистичкиот сектор (транспорт и магацини).

Најголем број на слободни работни места се поврзани со ниско и средно образование (60,8%), лица без квалификации (22%) и, на крај, лица со високо образование (17%).

Германскиот пазар на трудот со години се соочува со недостиг на работна сила, со зголемување на бројот на пензионери, затоа се обидува да го надомести увозот на работна сила

9 Shares