Дека не се срами од својата сексипилност и згодното тело, Џеј Ло секојдневно го докажува тоа во тесна облека. Особено внимание привлече фотографијата на Instagram на која Џенифер едвај е покриена со блескав фустан.
Американската пејачка Џенифер Лопез (49) изгледа дека не им дозволува на годините да ја надвладеат. Со редовни тренинзи и здрава исхрана, одржува совршена линија, на која можат да и позавидат и девојки двојно помлади од неа.
– Џенифер е како виното. Колку е постара, толку е подобра. Може да биде благодарна за некој дел од генетиката, но клучот за успехот е во нејзината исхрана. Многу е дисциплинирана за тоа што јаде и не консумира премногу алкохол. Нејзиното тело е храм – рече нејзиниот личен тренер Дејвид Кирш.
Дека не се срами од својата сексипилност и згодното тело, Џеј Ло секојдневно го докажува тоа во тесна облека. Особено внимание привлече фотографијата на Instagram на која Џенифер едвај е покриена со блескав фустан, а во прв план е нејзиното врежано тело и прекрасните гради.
– Жено, па ти не си од оваа планета – беа само некои од коментарите на фановите на фотографијата. Пејачката е во врска со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (43), една и пол година.