(ФОТО+ВИДЕО) Брутална слика: Еве како изгледаат стапалата после 5 месеци во море

За време на пливањето тој мораше да ги издржи плимата и осеката, струењето во студената вода и бурните временски услови, а сето тоа траеше 157 дена

Рос Еџли, 33-годишниот англичанец, стана првиот човек кој го препливал патот околу Велика Британија. Еџли помина во финишот во Кент, откако препливал претежно преку 2800 километри.

Во последните два километри, 400 пливачи му се придружија пред да стигне до крајот. Тој пристигна на истото место, на кое на 1 јуни се впушти во оваа авантура, пишува indy100.

Од тогаш тој не стапнал на копно.

Тој пливаше до 12 часа на ден. За да го преживее тој огромен напор, Рос внесувал меѓу 10.000 и 15.000 калории секој ден, вклучувајќи и повеќе од 500 банани.

За време на пливањето тој мораше да ги издржи плимата и осеката, струењето во студената вода и бурните временски услови, а сето тоа траеше 157 дена.

За да го комплетира својот огромен предизвик, Рос правел до 40.000 веслања дневно, пливајќи шест часа денски и исто толку ноќе, додека часовите помеѓу ги користел за одмор и опоравување на едрилицата Хекат. Капетанот Мет Најт го управувал бродот, планирајќи го најбезбедниот и најефикасниот начин да ги зголеми шансите на Рос за успешен крај на авантурата.

По пливањето, Рос со фотографија ги покажа бруталните последици од неговите стапала на Инстаграм после долгиот престој во морето.

6 Shares