Еснафски Вицови – Италијанец, Македонец и Германец, Вампирот и Огласот во Весник

Оглас во весник:

Кој ќе ми најде жена со мираз од 100.000 евра, ќе му дадам 50.000 евра. И плус ќе му ја подарам и жената.

 

Си биле Италијанец, Германец и Македонец. Сите умреле и заминале кај Свети Петар. Свети Петар го прашал Италијанецот како умрел. Тој рекол:

– Купив Ferrari, направив сообраќајка и умрев.

Потоа го прашува Германецот како умрел. Тој рекол:

– Купив BMW, направив сообраќајка и умрев.

Потоа го прашува Македонецот и тој вика:

– Јас купив Фичо и умрев од глад!

 

Дошол вампир кај пекар и бара десет кила леб.

Пекарот го прашува што ќе му е толку леб, а вампирот одговара:

– Абе, жена ми доби менструација, па да макаме.

5 Shares