Чудесна секс диета: Мојот сопруг и јас имаме секс 8 пати неделно

Оваа фантастична диета ги охрабрува паровите да “се занимаваат со секс” три до пет пати неделно и дупло повеќе за викенд. Дополнително, исхраната е прилагодена така што да биде здрава и добра за либидото

Водењето љубов е најлесниот и најудобен начин за губење на тежината. Всушност, сексот е “совршена направа за вежбање” бидејќи е бесплатен, забавен и има многу други бенефиции. За половина час растопи околу 200 калории.

Мојот сопруг и јас имаме секс околу осум пати неделно, напиша Кери МекКлоски од САД во прирачникот “The Ultimate Sex Diet: The Secret Formula for a Slimmer, Healthier, More Passionate Life”.

“Пред три години имав многу килограми и бев фрустрирана. Пробав многу популарни режими за исхрана и секој пат се откажував, бидејќи тие имаа премногу забрани и ограничувања … Она што конечно ми помогна беше интензивната љубов и здравиот начин на живот, кога почнав да водам љубов со мојот сегашен сопруг. За шест месеци загубив 10 килограми” – додаде таа.

– Моите “seksercises” (сексуални вежби) ја одржуваат секоја врска свежа, жива и многу, многу страсна. Секој треба да знае како да ги искористи придобивките од сексот – верува таа.

И менито е приспособено – за да го подигне либидото

Многу диетални планови се засноваат на менување на навиките во исхраната, па и авторката книгата ја започнува со двонеделен план на оброци кој ја нагласува важноста да се внесува свежо овошје и зеленчук, протеини, морски плодови и житарици, но нагласува дека главната состојка на оваа диета сепак е – сексот.

– Полесно е да се губи телесната тежина во двојка. Студијата на Универзитетот Браун покажа дека луѓето кои имаат партнери двојно слабеат од оние кои се сингл. Во вашето мени можете да вклучите остриги, лук или тартуфи, како и тематските вечери кои го поттикнуваат либидото – јапонски суши или газпачо супа и фахитас.

Ова е балансирана исхрана што го одржува подалеку рафинираниот шеќер и брашното – вели МекКлоски.

Специјални вежби, т.н. ‘Sexercises’

Во својата книга, МекКлоски ги поттикнува двојките да се занимаваат со сексот три до пет пати неделно и дупло повеќе за викенд. Покрај тоа, би било добро да се трча, да се пешачи или да се плива три до четири пати неделно.

Придобивките се повеќекратни. Со тоа ќе се зајакне вашето тело и вашата врска – вели авторката. Таа објасни 14 уникатни вежби во книгата, т.н. “Sexercises”. Тоа се позициите кои имаат за цел да ги зајакнат рацете, нозете, стомакот, грбот и задникот, и всушност се традиционални вежби со сексуалниот “спин”.

– Можете да ги изведете голи, на подот, и можат да бидат дел од предиграта. Би било одлично да се направат неколку тренинзи од 20 до 30 минути, три или четири дена во неделата, по можност како предвесник на главниот настан – нагласува авторката.

“Стомачен бакнеж” изведете ја така што легнете на грб со колената и рацете прекрстени на градите. Партнерот нека се спушти на колена и нека ги фати вашите глуждови со рацете. Подигајте се во седечката положба и давајте му на вашиот партнер “влажен бакнеж”. Повторете десет пати и заменете ги улогите.

“Љубовно клечење” направете го со вртење накај партнерот со нозете поставени во ширина на рамената. Држете се на вашите раце. Свиткајте ги нозете во колената се додека не се паралелни со подот. Останете во таа положба три секунди па потоа “балансирано” исправете се. Повторете пет пати.

Секс како трчање на трака

Многу интензивен секс може да растопи 350 калории за половина час, што е како половина час трчање на траката.

Експертите велат дека жените кои доживуваат оргазам трошат повеќе калории од оние кои не го достигнуваат врвот. Затоа, обидете се водењето на љубов да биде секогаш “среќно завршено”.

И уште еден интересен детаљ – за време на сексот, мажите губат повеќе калории отколку жените, бидејќи имаат поголема мускулна маса.

На пример, во положбата каде што жената е горе, таа за околу половина час секс со умерено темпо ќе потроши околу 120 калории. Ако ова го прави во позиција на клечење, тоа го зголемува бројот на калории што се консумираат на околу 170. Покрај тоа, оваа поза ги зајакнува нозете, карлицата, задникот и мускулите на долниот дел на стомакот.

И бакнувањето ги топи калориите

Експертите веруваат дека страстен бакнеж делува одлично на нашето тело, го отстранува стресот, се релаксира, ја зголемува самодовербата и дури има ефект на вежбање.

Тие велат дека еден бакнеж во траење од една минута троши 6,5 калории – што би трошел скоро 200 калории за половина час. За споредба, ова е износот на калории што ги јадеме во нешто помалку од половина од чоколадото, пренесува “Медицински дневен весник”.

12 Shares