8 знаци дека вашиот партнер не ужива во сексот со вас

Не сте сигурни каков е вашиот секс во врската? Овие знаци велат дека баш и не ви е одличен

1. Често наоѓа изговори за да го избегне сексот: уморен е, под стрес е, ви се дере на вас за некоја глупост, на телевизија има важен натпревар … Ако има една причина од овие за да избегне секс еднаш месечно, немате причина за загриженост. Но, ако секоја недела се користи со некои од овие изговори, очигледно има некој проблем.

2. Сексот трае кратко време. На почетокот на врската сте имале буквално маратонски секс од неколку часа, што во последно време преминале во минути. Вашиот секс трае пократко од рекламите.

3. Не ве гледа во очите додека водите љубов. Многу е веројатно дека во неговата имагинација води љубов со некоја друга.

4. Секогаш пред сексот инсистира да гледате порно филм заедно. Ова може да значи дека веќе не сте му интересна.

5. Не успева да постигне оргазам. Или тој го постигнува на некои други начини (мастурбирање или со секс со некои други жени), или има некој сексуален проблем за кој не е во можност да зборува.

6. Престана да ви праќа секси пораки и да ви дава комплименти во креветот. Тој очигледно изгубил инспирација или интерес. На вас е да дознаете зошто.

7. Исчезнал “валканиот разговор” во креветот. Имате чувство дека буквално го “работи“ сексот.

8. Оралниот секс стана ваша очајна желба. Понекогаш напорно работел за да ве задоволи орално, сега морате да го молите за тоа.

8 Shares