6 совети за брзо полнење на вашиот мобилен телефон

Сигурно некогаш ви се случило да ви затреба итно батеријата на вашиот паметен телефон… па еве како ќе го наполните најбрзо

Батеријата е најчувствителниот дел од паметниот телефон – немилосно ја трошиме, а време за полнење “никогаш немаме” затоа што телефонот мора да ни биде постојано во рака… па како тогаш брзо да го наполните?

Ова се неколку совети за најбрз начин да го наполните вашиот паметен телефон, а истите важат и за Андроид и за iPhone:

Исклучете ги непотребните функции – Bluetooth, GPS, Wi-Fi, NFC … Ако не треба да правите ништо со нив додека ја полните батеријата, исклучете ги овие функции. Исто така, запрете го автоматското резервно копирање (бекап) и надградбите за апликации од Google Play Store.

Исклучете го телефонот – Најбрзо ќе го наполните вашиот паметен телефон кога ќе го исклучите целосно додека се полни.

Не го допирајте телефонот – Колку помалку го чепкате телефонот додека се полни, толку побрзо ќе се наполни. Зошто? Бидејќи екранот е најголем потрошувач на батеријата. Секогаш кога го активирате, го успорувате полнењето.

Вистински адаптер – Ако сакате побрзо да го наполните вашиот паметен телефон со оперативен систем Андроид, избегнувајте да го поврзувате со вашиот лаптоп. Подобро е да пронајдете ѕиден штекер и да го поврзете на него. Исто така, ако се брзате, избегнувајте безжично полнење. А ако користите iPhone, набавете си iPad полнач, бидејќи тој е значително посилен.

Штедлив начин на работа – Од пуштањето на Lollipop паметните телефони со Андроид систем, тие доаѓаат со некаква форма на заштеда на батеријата (обично се наоѓа под Settings, потоа Battery, а потоа и Battery Saver, но тоа зависи од производителот). Ако го вклучите за време на полнењето, дополнително ќе ја наполните батеријата.

Авионски режим – Колку помалку вашиот паметен телефон го работите додека се полни, толку побрзо ќе се наполни. Авионскиот режим ги блокира сите форми на безжично поврзување на мобилниот телефон, така што не може на нив да троши енергија.

28 Shares