5 причини зошто треба почесто да си “играте“ самата со себе!

Зошто да не си поигрувате секој ден? Кога ќе ги прочитате овие аргументи, ќе го сакате тоа повеќе од било кога…

1. Дали знаете колку мастурбацијата е навистина здрава? Секој знае за придобивките од вежбите на Кегел, но малку кои знаат дека мастурбацијата е исто така многу здрава.

Поточно, оргазмите помагаат да се зачува здравјето и силата на мускулите на карлицата, што превентивно влијае на појавата на уринарна инконтиненција и, генерално, проблемите на сексуалноста. Освен тоа, зајакнувањето на мускулите што ги развиваме со мастурбацијата, исто така, помага при ослободување на грчеви за време на менструацијата.

2. Дали страдате од несоница? Мастурбацијата и тука помага! Запознаени сте со чувството кога едноставно сакате да се опуштите после сексот, да ги затворите очите и да уживате дремејќи.

Овие желби се поврзани со ослободувањето на ендорфините што се случуваат кога се постигнува оргазам, а кој промовира длабок сон. Одлична вест е дека истото чувство може да се постигне со мастурбација и постигнување на оргазам, сами.

3. Изградете самодоверба и сакајте се себеси за да ве сакаат и другите. Познавањето на сопственото тело може да биде неверојатно зајакнувачки, а колку сте поуверени во себе, толку ќе бидете позадоволни со себе и со вашата врска.

Ако сте срамежливи, започнете од тоа да го запознаете вашето тело пред огледалото.

4. Уште подобар секс со него. Многумина сметаат дека луѓето кои користат вибратори и други играчки за време на мастурбацијата имаат проблеми со постигнување на оргазам за време на секс со други луѓе, но експертите се согласија дека сите игри со себе само го зајакнуваат знаењето што најмногу ни одговара и ги отвараме вештините на суптилна сугестија на нашите желби кон партнерот.

И кога сето ова ќе се резимира значи подобар секс.

5. Уште поздрави = уште посреќни! Срцевите заболувања се најчеста причина за смрт кај жените, а редовното вежбање на телото е полесно да се замисли отколку редовно да се практикува.

Добрата вест е дека мастурбацијата може да предизвика циркулација на крвта, а многу студии покажаа дека жените кои доживуваат многу оргазми (дали сами, дали со нивниот партнер) се помалку склони кон кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2. Така да, уживајте! 😉

10 Shares