3000 Евра казна за запалената депонија во Велес

На 29-ти јули, државен инспектор за животна средина по поплаките од граѓани излезе на терени и зврши надзор на запалена депонија во Велес, од која неколку дена беше загаден воздухот во Велес.

Од кога е извршен надзорот, изречена е глоба од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови за санирање на штетата, дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор на теренто, согласно Законот за управување со отпад.

Државниот инспекторат за животна средина продолжува со надзори на општинските непрописни депонии и тоа во: Охрид, Струмица, Охрид, Пробиштип, Ново Село, Берово, Русино и секаде каде што комуналните претпријатија не постапуваат согласно закон.

Известување до сите потенцијални загадувачи дека Инспекторатот повеќе не дава опомени, туку преминува директно на санкции. Нема оправдување за пожарите на депониите, бидејќи граѓаните не смеат да дишат загаден воздух.

0 Shares